Британскиот ланец на супермаркети Morrisons ја објави својата нова Божиќна реклама насловена “Make Good Things Happen” („Направете добри работи да се случат“).
Во рекламата се запознаваме со Farmer Christmas (Земјоделецот Мраз), кој како и Father Christmas (Дедо Мраз), работи цела години за на крај да ни додели подароци. Во конкретниот случај, тоа е вкусната празнична трпеза која не би постоела доколку не се вредните фармери кои ни ја произведуваат храната.
Две љубопитни деца во рекламата ја октриваат магичната фарма на Земјоделецот Мраз, каде посевите никнуваат моментално, бербата се врши со магичната кочија наречена комбајн, а храната се транспортира со магичните ирваси наречени камиони. :)
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Publicis.Poke и продукциската куќа Somesuch, при што медискиот закуп е задача на агенцијата Wavemaker.