Креативниот фестивал Golden Drum го претстави жирито за натпреварувачката секција OMNI-CHANNEL, која што ќе им оддаде признание на оние кампањи кои беа претставени преку повеќе канали за комуникација. Притоа, пријавените кампањи треба да ја демонстрираат креативната употреба на повеќе канали, нивната интеграција и ефикасноста на имплементацијата на комуникациските решенија.
Во рамки на секцијата постојат 6 натпреварувачки групи, кои понтаму се поделени во категории. Шестте натпреварувачки групи се: Integrated; Content; Engagement; Digital, Mobile & Technology; Health & Wellness; Sports, Pop Culture & Art.
Претседавач на Omni-Channel жирито ќе биде Арон Старкман, глобален генерален креативен директор на агенцијата Rethink од Канада.
Во оценувањето на пријавените кампањи, нему ќе му се придружат и следните ценети членови на жирито:
- Роман Чихалик, креативен директор, SYMBIO Digital, Чешка
- Малгоржата Дроздовска, креативен партнер, FCB&theMilkman, Полска
- Андреа Геноиу, креативен партнер и креативен директор, агенција Jam Session, Романија
- Емилијано Гонзалес Де Пјетри, генерален креативен директор, McCann Шпанија
- Вероника Хлибока, сениор копирајтер и создавач на идеи, Wiktor Leo Burnett, Словачка
- Волкан Каракашоглу, извршен креативен директор, TBWA Istanbul, Турција
- Симон Поинтнер, извршен креативен директор, Heimat Wien, Австрија
- Меитал Шкеди Кари, потпретседател за креативност, Bruckner Yaar Levi, Израел
- Ема Согаард, сениор креативец, NORD DDB Copenhagen, Данска
- Марија Теодороф, креативен директор, KUBIS, Романија
- Константин Трендафилов, косопственик и креативен директор, Human, Бугарија
- Никола Жиниќ, главен креативен директор и косопственик, Bruketa&Žinić&Grey, Хрватска.
„Како што се забрзува темпото на промените, брендовите мора да работат напорно за да обезбедат конзистентни искуства, непречено потрошувачко патешествие и рационализирана порака од еден канал до друг. А, за вистински да испорачаат нешто што се чини персонализирано и без напор, најдобрите omni-channel кампањи имаат свеж, моќен и релевантен увид насочен кон потрошувачите – како чукање на срцето. Затоа ми е чест да го водам ова жири на Golden Drum – тоа е секција што ги пресекува глупостите за да ги стави потребите на луѓето во фокусот и пред сè останато. Тука креативноста може да ги покаже своите мускули со преминување на секоја допирна точка и без признавање на никакви граници“ – изјави Арон Старкман, глобален генерален креативен директор во агенцијата Rethink од Канада и претседател на жирито за скецијата Omni-Channel на Golden Drum.
Креативниот фестивал Golden Drum ќе се одржи од 9 до 10 октомври 2023 година во Порторож, Словенија. Повеќе информации на следниот линк.