Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum го објави составот на жирито за натпреварувачката секција „Креативна деловна извонредност“ (Creative Business Excellence).
Оваа секција е наменета за креативните деловни решенија кои имаат влијание врз брендовите, проектите или искуствата на клиентите. Целта на овој натпревар е да ја претстави деловната извонредност на креативен начин и да ги награди проектите кои демонстрираат исклучителни решенија кои ја преобликувале деловната индустрија и постигнале мерливи деловни резултати.
При евалуацијата на пријавените проекти, во предвид ќе се земат следните критериуми: креативна идеја и стратегија, искуство и имплементација, како и податоци кои покажуваат конкретни деловни резултати. Пријавените проекти на кои им недостасуваат деловни резултати нема да бидат земени предвид за награди во оваа натпреварувачка секција.
Секцијата има 8 групи: Brand Building; Creative Effectiveness; e/mCommerce, Community & Use of Experience; Sustainable Business Solutions; Activation; Content; Innovation, како и новата група за B2B. Секоја од нив е понатаму поделена на повеќе поткатегории.
Жирито за Креативна деловна извонредност на овогодишниот Golden Drum ќе го предводи Адам Керј, генерален креативен директор за Европа во Accenture Song од Данска.
Нему во оценувањето на делата ќе му се придружат и следните членови на жирито:
- Џоери Бакер, управен директор за искуство, Dentsu Creative Amsterdam, Холандија;
- Викторија Блинова, менаџер за стратешки партнери, YouTube, Google, Обединето Кралство;
- Пени Брук, генерален извршен директор и основач во Sustainnovate, поранешен генерален маркетинг директор на Canada Goose, Швајцарија;
- Алијар Хусејнов, директор за бренд операции, Procter & Gamble, Кавказ и Централна Азија;
- Лаура Легренци, глобален виш директор за купувачи и потрошувачки содржини, The Coca-Cola Company, Италија;
- Гергели Мароси, генерален креативен директор, Mito Creative, Унгарија;
- Ана Милас, глобален менаџер за платена содржина, LELO, Хрватска;
- Том Мортон, основач, Narratory Capital, САД;
- Конрад Персонс, претседател, Grey, Обединето Кралство;
- Марија Тодорова, основач, генерален извршен директор и генерален креативен директор, NEXT-DC, Бугарија.
„Креативноста и човечката генијалност се клучни за брендовите и бизнисите да напредуваат во култура која брзо се менува и која што се соочува со еволуирачка технологија. Како претседател на жирито за Креативна деловна извонредност на Golden Drum 2024, јас сум возбуден и почестен да се поврзам со сјајна и разнолика група на поединци со кои ќе ги истражиме и наградиме проектите што ја третираат променливата природа на брендовите“ – изјави Адам Керј, генерален креативен директор за Европа во Accenture Song.
Овогодинешното, 30-то издание на фестивалот Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија. Повеќе информации на следниот ЛИНК.