На семејниот имот на фамилијата Гобелјиќ од Големо Село (Србија), бабата станува прва. Ја посетува градината, собира свежо овошје и зеленчук. Набрзо и се приклучуваат и останатите членови на семејството, затоа што на имотот се знае – има многу работа. Се` мора да биде спремно кога ќе стигне MAXI камионот…
„Традиционално, потрошувачите во Србија, по свежо овошје и зеленчук најмногу сакаат да одат на „зелен пазар“, особено затоа што со некои од продавачите со тек на време градат однос на доверба. Токму таа навика на домашните купувачи беше најголем предизвик, но и поттик, за MAXI да креираме кампања која во себе ќе има личен печат и човечка приказна. Со цел да го приближеме MAXI пазарот како идеално место за купување на овошје и зеленчук, ја претставивме фамилијата која веќе со години со големо задоволство произведува овошје и зеленчук само за MAXI, почитувајќи строги стандарди за квалитет и здравствена исправност на намирниците“ изјави Славко Марковиќ, Group Account Director на агенцијата McCann Белград.
“Многу ни` е значајно со нашата агенција, како и со купувачите, да изградиме однос на целосна доверба. Битно е потрошувачот во MAXI супермакетите да пронајде се` што е потребно за неговата фамилија, но квалитетот на намирниците и здравствената исправност е она на што ние инсистираме секој ден. Сакаме да му обезбедиме врвно искуство на купување и да го инспирираме на свеж избор. Кампањата „Знаете што купувате“ е одличен показател за квалитетната соработка која ја имаме со агенцијата McCann, но и вистински одговор на потребите на нашите купувачи да се запознаат со потеклото на намирниците кои секојдневно можат да ги пронајдат на полиците на супермаркетот. Тие сакаат да знаат од каде доаѓаат јаболката или зелената салата која ја купуваат, а ние со оваа кампања токму им го обезбедуваме тој одговор“ истакна Ана Тијак, маркетинг менаџер на MAXI.
Слоганот на оваа кампања е ЗНАЕТЕ ШТО КУПУВАТЕ, креиран да го поврзе она што MAXI веќе е, и она што сака да биде.