Дали вештачката интелигенција може да го направи жирирањето поправедно во иднина? Тука стапува на сцена Pearl, првиот претседател на креативно жири со вештачка интелигенција. По повод одбележувањето на својата 10 годишнина, белгиските MIXX награди побараа од првиот претседател на жири со вештачка интелегенција, наречен Pearl, да именува победник со една специјална награда на овогодишната MIXX гала-вечер. Со Pearl, организаторите сакаат да отворат дебата за иднината на жирирањето, особено после скорешните критики. Дали е можно вештачката интелигенција да го направи жирирањето поправедно? Дали може да помогне креативноста да стане мерлива? И како може да ги надополнува човечките жири-членови?
Додека наградните настани најчесто се осврнуваат кон иднината на адвертајзингот, овој пат MIXX наградите се одлучија да се осврнат кон иднината на жирирањето. Овој прв експеримент за жирирање со вештачка интелигенција ќе истражува дали креативноста е мерлива и како вештачката интелигенција може да помогне во жирирањето. Наречена според Radia Perlman, еден од најзначајните женски интернет пионери, резултатот е Pearl.
Повеќе или помалку мерлива
Pearl беше ‘нахранета’ со сите интернационални MIXX студии на случај од последните 10 години и доби време од 3 месеци за да ги анализира текстовите, видеата, резултатите, па дури и музиката, што сигурно ја направи еден од најискусните членови на некое адвертајзинг жири. Pearl употребува најсовремена технологија, на пример: Microsoft и’ додели ран пристап до својот Vido Indexer сервис, кој извлекува податоци од видеа со помош на вештачка интелигенција. Таа научи како да размислува човечки и веќе постигнува ниво на точност од 76%. Со други зборови, ако и’ дадете некој нов случај, голема е веројатноста дека ќе процени точно дали ќе добие награда или не, па дури и каква ‘боја’ на награда може да очекувате. “Ова ги надминува нешите очекувања, но се чини дека креативнста е сепк, повеќе или помалку мерлива,” изјави JosPolfliet, директор на одделот за машинско учење во Faction XYZ.
Pearl веќе ни дава одличен увид во тоа што е важно кога се одредува победник. Таа успеа да постави врска помеѓу наратвните стилови и наградите, помеѓу изборот на инструменти и наградите, а исто така таа разбра дека бројот на импресии не значи многу, додека пак бројот на споделувања е далеку поважен.
Се’ уште постои простор за подобрување, бидејќи таа треба да научи подобро да препознава хумор и креативна идеја. Она што е позитивно е дека таа може да препознае оригинални комбинации. “Понекогаш се однесува како бремена жена, мисли дека туна со шлаг крем е одична идеја! Но, таа се’ уште учи и нејзината прецизност ќе продолжи да се подобрува,” изјави Peter Ampe, извршен креативен директор на DDB Брисел.
Резерва за пред-жирирање
Pearl се’ уште не е целосно подготвена за да може да ги замени луѓето во жирирањето, но веќе може да ги надополнува. Таа, се разбира, ги нема недостатоците на човечките жириа бидејќи може на секој случај да му посвети еднакво внимание, никогаш не се заморува, и најважно, нема пријатели кои би бранела или пак компаниска мрежа или држава за да промовира.
Нема сомнеж дека вештачката интелигенција ќе може да помогне на различни начини во доделувањето награди во иднина. На пример, на поголеми настани, голем дел од пред-жирирањето се врши во мали групи и понекогаш е возможно некоја добра кампања да биде занемарена. Со вештачката интелигенција, ќе биде возможно да се одреди кои кампањи би можеле да бидат потенцијални победници и потоа да се спореди со листата на кампањи составена од човечкото жири. Ако некои од овие кампањи ги нема на листата, човечкото жири ќе може да ги погледне повторно и да донесе поинаква одлука.
За време на својот прв настап, Pearl ќе ја има честа да ја одбери својата омилена кампања од оние кои се пријавиле за MIXX наградите.
Што научивме од Pearl:
- Pearl не е импресионирана од бројот на импресии. Таа преферира квалитативни метрики како “trending topic” и “earned media”.
- Ако вашата кампања има повеќе од 100,000 споделувања, немојте да се двоумите дали да ја пријавите за некоја награда.
- Спомнувањето од посветени адвертајзинг медуми не е гранција за победа. од друга страна, спомнувањето од BBC или CNN додава кон кредибилитетот на вашиот случај.
- Оптимистичката “feel good” музика е толку многу користена што се перцепира како генеричка и клише.
- Користењето на нарација има позитивен ефект на резултатот.
- Кога се во прашање новите технологии, ‘модерните’ зборови имаат успех во годината кога биле првпат пласирани, а уште повеќе во годината која следи.
- Рекламните спотови кои победувале содржеле 25% повеќе костуми од оние кои не победувале.
- Pearl може да ја идентификува оригиналноста на вашата кампања, но уште учи како да препознае дели некоја оригинална идеја има реално значење.