Upstanders креира позитивна промена во Америка!
Станува збор за првата медиумска кампања на Starbucks креирана со соработката на незиниот CEO Howard Schultz и Rajiv Chandrasekaran – SVP и извршен продуцент за социјална медиумска кампања на компанијата.
Оваа кампања, креирана низ серијал од 10 приказни, има за цел да ги инспирира Американците да покажат сочувство, хуманост и граѓанство. Секоја приказна раскажана е низ три формати – пишан, видео и подкаст (емитување на веб платформи).
Кампањата својот фокус го става на луѓето кои прават прекрасни нешта кои секојдневно креираат позитивни промени во нивното општество.
“Schultz и јас бевме мотивирани за да креираме серијал со појдовна точка- дисфункционалност, дисфункционалноста која ја гледаме околу себе во рамките на денешното општество” се дел од зборовите на Chandrasekaran, кој се приклучи на тимот на Starbucks минатата година по 21- годишна кариера како кореспондент на ‘’The Washington Post’’.
“Доколку го прочитавте денешниот весник или ги погледнавте вестите на кабловската телевизија или пак слушавте радио, ќе размислувате дека како држава се наоѓаме на самиот раб од карпата.” – Chandrasekaran и Schultz не го прифаќаат фактот дека Америка е “фундаментално и морално ‘’скршена’’ држава.”
Овој поглед на Америка сакале да го променат со приказни за добри дела кои се секојдневно се случуваат низ Америка и забележале дека решението на многуте предизвици на државата може да се пронајде во лидерите на заедниците, во генераторите на идеи и во луѓето кои ја прават промената. Тие сметаат дека постојат безброј позитивни приказни кои не го добиваат заслуженото внимание и соодветно место во печатот и медиумите .
‘’Медиумите и организациите кои стојат зад пласирањето на новостите се тие кои можат да ги адресираат предизвиците кои државата треба да ги поправи. Милиони Американци сакаат всушност да гледаат приказни за позитивни промени.’’
Една од приказните во серијалот е приказна за човек кој отворил пералница за коли каде дури 85% од вработените имаат аутизам, друга е за студент кој развил веб-базирано решение за зачувување на илјадници на килограми на храна годишно од фрлање, трета е за жена која им помага на екс- затворенички да останат на правиот пат со тоа што им дава место за престој подалеку од хаосот предизвикан од пороци и лоши врски.
Chandrasekaran и Schultz ја селектирале секоја од приказните преку користење на методот на истражувачко новинарство. Chandrasekaran се решил да ја напушти својата долгогодишна кариера во Washington Post и започнал да истражува низ цела Америка за да дојде до тие клучни приказни кои ќе инспирираат и ќе допрат до обичниот човек.
Серијалот е достапен на страницата Starbucks.com/Upstanders, и поддржан е од страна на новата платформа за социјална промена наречена Fotition. Оваа мулти-милионска кампања вклучува креирање на содржина, промоција, дистрибуција и амплификација.
Starbucks го засилува својот дигитален досег за да допре до што е можно поголем број на луѓе ширум светот и да ги запознае со овој дигитален серијал. Нивната мобилна апликација веќе има 20 милиони корисници, а промоцијата паралелно се одвива и на социјалните медиуми Facebook, Twitter и Instagram .
Со цел обезбедување поголема видливост на содржината ланецот на кафе ресторани ги користи платформите на Upworthy и Mic, а соработува и со The New York Times, The Wall Street Journal, и USA Today каде се рекламира со печатени реклами. Наскоро серијалот ќе се емитува и на iTunes и Spotify.
Во дел од местата од кои всушност доаѓаат и самите приказни ќе се направи соодветна промоција и на настаните кои следуваат во периодот започнувајќи од локални настани во Dallas; Memphis, Tennessee; Washington, D.C. и Deerfield, Florida. Chandrasekara ќе ги води настаните, а на настаните поканети се голем број на граѓански групи и здруженија.
’’Нашата цел не е да продаваме повеќе кафе, нашата цел е да вклучиме што е можно поголем број на Американци и да ги инспирираме да станат подобри граѓани.
Клиентите на Starbucks ги повикуваме да споделуваа слични приказни од нивните заедници со нас. Не станува збор за кампања за брендот, не станува збор за промотивна кампања на производите, станува збор за правење на добри нешта за заедницата’’.
Извор: www.campaignlive.co.uk