(РЕГИОН) – HURA ги објави податоците за промените на шестгодишниот тренд на пад на инвестициите во огласувањето во медиумите. Најголем раст забележа интернет огласуваањето
Спрема податоците на Хрватското здружение на организации за деловно комуницирање (HURA) во 2014 година огласувачите преку закуп на огласувачкиот простор во хрватските медиуми инвестирале 1.408.000.000 куни (околу 185 милиони евра), што е 1% повеќе од претходната година. Најголем раст е забележано во интернет огласувањето и тоа од 9 %. Покрај класичното дисплеј огласување, податоците покажуваат раст на огласувањето преку пребарувачите и социјалните мрежи.
По повод објавувањето на податоците, членот на управниот одбор на HURA Рајна Цуцулиќ изјави: “Иако станува збор за мал пораст на вложувањето во огласувањето, значајно е да се истакне дека после 6 години континуиран пад на инвестирањето во огласувањето во медиумите, доаѓа до позитивен пресврт. Се надеваме дека оваа позитивна промена во наредниот временски период дополнително ќе го зголеми обемот на огласувањето во медиумите и со тоа целосно ќе доведе до нов позитивен тренд во огласувачката индустрија. “
Податоците на HURA покажуваат дека огласувањето на телевизијата и понатаму изнесува половина од вкупниот обем на огласување и бележи раст од 4%. Во сегментот на телевизијата, најголем пораст на огласување се случува на таканаречените Pay TV канали, односно канали кои можат да се следат исклучиво преку IPTV и кабелските платформи. На овие канали е двојно зголемен бројот на TV спотови во однос на претходната година, но вкупното вложување изнесува само 1% од вкупното инвестирање во телевизиското огласување.
Во 2014 година порасна и вложувањето во огласувањето на радио од 6 %, додека трендот на пад во вложувањето во огласувањето во пишаните медиуми и понатаму продолжува, па во 2014 година е вложено 7 % помалку буџет одколку во претходната година. Помал пад од 3% е забележан е и во надворешното огласување.
Најголем раст во огласувањето гледано спрема индустрии, остварен е во секторот храна, трговија и финансии.
AdEx (Advertising Expenditure) е термин кој се однесува на потрошувачката во огласувањето, односно закуп на медиумскиот простор во основните комуникациски канали како што се телевизија, весници, магазини, радио, постери и интернет. Податоците ги претставуваат нето инвестициите во огласувањето, односно закуп на медиумскиот простор по видот на медиум во милиони куни. Податоците не вклучуваат креатива, продукција и специјални формати.
Примарни извори на податоци за процена се:
- MediaPuls (IpsosPuls)
- AGBNielsen
- FINA
- Медиумската агенција HURA