Претходно, брендот во оваа земја беше критикуван поради тоа што не користи црни модели во своите реклами. Но, кога тие одлучија да ја применат оваа практика, не можеа да направат поголема грешка
Револтот предизвикан од “расистичката слика на производите” на веб-страницата на H&M, кулминираше со насилство, така што дел од продавниците на овој бренд во Јужна Африка во текот на викендот се целосно демолирани.
Минатонеделните статии во медиумите покажаа слика на црно момче кое промовира еден од дуксерите на овој бренд, на која пишува “најкул мајмун во џунглата”. Следуваа бројни критики за брендот, во кои некои од нивните деловни партнери ја прекинаа соработката со брендот.
Според локалните медиуми, опозициската Партија на борците за економска слобода (ЕФФ) ги повика трговските центри да го протераат овој шведски ланец продавници од своите центри и беа организирани и бројни протести.
Поголемиот дел од протестите беа мирни, но фотографиите од продавниците во Јоханесбург покажуваат дека демонстрантите го демолираа инвентарот на овие продавници.
https://twitter.com/FloydShivambu/status/952114009448304640
Флојд Шивамбу, заменик-претседател на ЕФФ, дури им честиташе на твитер на демонстрантите кои учествувале, тврдејќи дека “физички се соочиле со расизам”.
Компанијата H&M се извини за фотографијата, признавајќи дека “во овој случај погрешиле” и дека “им е многу жал”. Мајката на момчето прикажана на сликата, Тери Манго, застана во одбрана на овај трговски ланец, повикувајќи ги оние кои се нашле навредени да престанат да се навредуваат на се` и да го “надминат” тоа.



















