Најголемата светска фабрика за производство на омилениот крем од лешник е привремено затворена.
Како што пренесуваат светските медиуми, фабриката е затворена заради проблем во квалитетот.
Станува збор за погонот во северна Франција каде што инспекцијата се обидува да утврди што е причината за проблемот. Оваа фабрика дневно произведува 600 000 тегли нутела, што претставува четвртина од светското производство.
Од Фереро порачуваат дека има доволно залихи и дека ова нема да влијае на продажбата.