Шестата меѓународна ПР конференција PRilika 2014, што викендов се оддржуваше во Белград, Србија, под слоганот “Комуникација на (с)цена“ заврши во Саботата попладне поставувајќи нов рекорд во бројот на учесници (преку 250) од целиот регион и за прв пат со солидна делегација на учесници од Македонија, која доби посебен поздрав на самото отворање на конференцијата од претседателот на Српското здружение за односи со јавноста.
Според многумина, епитетот за најдобро предавање на вториот ден од конференцијата, овојпат го понесе меѓународниот експерт за кризни комуникации, Г-дин Доналд Стил, некогашен главен советник за односи со јавност во BBC, со својата интерактивна работилница на тема “Кризна комуникација во ерата на социјалните медиуми“.
“Сите кризи се предвидливи. Можеме да предвидиме што на нашата организација или компанија може да и се случи, единствено незнаеме кога и каде. Значи, ако кризите се предвидливи, можеме и мораме навремено да се припремиме за нив“ – рече Стил во воведното обраќање додавајќи дека “пишувањето и вежбањето на планот за потенцијални кризни ситуации е голем влог во идната вредност на секоја една компанија.“
После неговата презентација и практична симулација на криза, следуваа студијата на случај на компанијата ИКЕА за Југоисточна Европа и Теленор банка, како и предавањето на претседателот на Управниот одбор на Публицис Групата од Србија, Г-дин Миша Лукиќ на тема “Storytelling. Story doing. Story being”.
“Јасното одредување на сопствените големи приказни е еден од најсилните алатки во модерниот бизнис, бидејќи таквити приказни го дефинираат стратешкиот правец на компанијата и нејзините брендови. Од круцијално значење е да се открие својата автентична приказна која истовремено е и релевантна и различна, јасно одредена и неопходна за да се олесни носењето на вистински одлуки во сите сфери на бизнисот“, рече Лукиќ во текот на предавањето.
Вториот ден од конференцијата PRilika 2014 заврши со панелот на кој се разговараше на тема репутација на ПР професијата – што е позитивно а што негативно, на кој беа презентирани повеќе регионални примери и беа потенцирани некои главни постулати кои треба да бидат водилка на развојот на професијата во иднина.