Технолошкиот гигант Samsung го претстави својот нов мобилен процесор Exynos 2200, кој треба да донесе револуција во светот на мобилните игри. По тој повод, компанијата лансираше нова кампања насловена “Playtime is over” („Заврши времето за игра“).
Централниот спот на кампањата прикажува жена која се движи низ старомоден пазар на гејмерски „антиквитети“, во кои воопшто не е заинтересирана.
Тогаш, еден анимиран наоружан зајак ја повикува жената во мрачен тунел. Таму таа влегува во модерниот свет на Exynos 2200, каде ситуацијата наеднаш станува вжештена и сериозна, а графиката на мобилните игри е исто така добра како онаа на видео игрите за конзоли.
Спотот ќе биде емитуван на онлајн платформите YouTube, Twitch, Reddit и TikTok, кои се најпопуларни меѓу гејмерската заедница.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BBH London и продукциската куќа MJZ.