Во саботата во Ровињ, на свечена церемонија беше затворен националниот огласувачки фестивал на Хрватска “Денови на комуникациите“ кога беа доделени наградите за најкреативните комуникациски проекти а истовремено беа прогласени и “младите лавови“.
Националното креативно натпреварување IdejaX ги наградува оригиналните идеи кои ги преминуваат границите, независно од видот на медиумот во кој се реализирани на пазарот. Во изминатите шест години, за наградата се бореа дури 779 кампањи, а со оглед на сјајните резултати на агенциите, организаторите истакнаа дека сите имаат еднакви шанси за успех.
Наградата X за агенција на годината ја доби агенцијата McCann Загреб, додека наградата X за огласувач на годината ја доби Хрватски Телеком.
Проекти кои се наградени со златна награда X се „Феноменална Хрватска“ на агенцијата BBDO Загреб и огласувачот Загребачка пивара во категоријата пијалоци, „Немојте да се мачите самите себе“ на агенцијата Señor и огласувачот Mylan во категоријата мода, здравје и убавина, „BOOKtig награди“ на агенцијата Studio Sonda и огласувачот Градска библиотека Пореч во категоријата туризам, култура и слободно време, „Rollover“ на агенцијата McCann Загреб во категоријата телекомуникации, „Биди дома кај себе“ на агенцијата UTORAK и огласувачот Erste&Steiermärkische Bank во категоријата финансиски и осигурителни услуги, „Да зборуваме со јазикот на рамноправноста“ на агенцијата Imago Ogilvy и огласувачот Ženska soba во категоријата социјални акции и „Rollover“ на агенцијата McCann Загреб и огласувачот Хрватски Телеком за најдобра сеопфатна кампања.
Проекти наградени со сребрена награда X се „Piquentum Sv. Vital 2014“ на агенцијата Studio Sonda и огласувачот Винарска визба Buzet во категоријата пијалоци, „Out Of Office Award“ на агенцијата BBDO Загреб и огласувачот Хрватската туристичка заедница во категоријата туризам, култура и слободно време, „Pepeo/Rupa/Uši/“ на агенцијата McCann Загреб и огласувачот Хрватски Телеком во категоријата телекомуникации, „Добар оглас надалеку се гледа“ на агенцијата Señor и огласувачот Outdoor Akzent во категоријата медиуми и издаваштво, „Соседи“ на агенцијата Bruketa&Žinić OM и огласувачот Croatia осугурување во категоријата финансиски и осигурителни услуги, „Надеж“ на агенцијата Bruketa&Žinić OM и огласувачот Adris група во категоријата корпоративни комуникации и „Да зборуваме со јазикот на рамноправноста“ на агенцијата Imago Ogilvy за огласувачот Ženska soba за најдобра сеопфатна капмања.
Проекти наградени со бронзена награда X се „Старопрамен SOFA“ на агенцијата BBDO Загреб и огласувачот Molson Coors во категоријата пијалоци, „Четка“ на агенцијата Bruketa&Žinić OM и огласувачот Vipnet во категоријата телекомуникации, „Оглас за работа“ на агенцијата McCann Загреб и огласувачот Epamedia во категоријата медиуми и издаваштво, „Ѓаволот никош не спие“ на агенцијата Grey Worldwide Загреб и огласувачот Винер осигурување Vienna Insurance Group во категоријата финансиски и осигурителни услуги, „Суперсениори“ на агенцијата McCann Загреб и огласувачот Zaklada Zajednički put/Slagalica во категоријата социјални акции, и „Феноменална Хрватска“ на агенцијата BBDO Загреб и Загребачка пивара за најдобра сеопфатна капмања.
Наградата X за најдобар копирајтинг доби проектот „Биди дома кај себе“ на агенцијата UTORAK и огласувачот Erste&Steiermärkische Bank во категоријата финансиски и осигурителни услуги. Наградата X за најдобар дизајн доби проектот „Rollover“ на агенцијата McCann Загреб и огласувачот Хрватски Телеком во категоријата најдобра сеопфатна кампања. Проектот „Помалку е повеќе“ на агенцијата BBDO Загреб и огласувачот Molson Coors во категоријата пијалоци доби награда X за најдобра изведбена вештина, продукција или употреба на технологија во некое огласно средство.
Натпреварувањето за „млади лавови“ е дел од глобалното натпреварување Cannes Young Lions. Добитниците на Гранд При на хрватското издание, ќе добијат прилика да ги претстават своите знаења и креативност заедно со колегите од целиот свет. Натпреварувањето Cannes Young Lions ќе се одржи во јуни во рамките на Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions.
Во склоп на натпреварувањето Young Lions Хрватска, задачата била да се осмисли кампања за сервисот Зелен телефон, кој ги поттикнува граѓаните на поактивна соработка во заштитата на околината. Престижната Гранд При награда и патување на фестивалот Cannes Lions 2017 освоиле Матко Бунтиќ и Фран Мубрин од агенцијата 404 за кампањата „Зелен отпечаток“, кои биле и првопласиран тим во категоријата сајбер. Меѓу останатите најдобри млади лавови се најдоа и Ѓорѓе Јанковиќ и Томислав Шестак од агенцијата Bruketa&Žinić OM за кампањата „донатура“ во категоријата дизајн и Маја Дујловиќ и Нина Ременар од агенцијата Комуникациска лабораторија за кампањата „Повикај за природата“ во категоријата односи со јавноста.