Со повеќе од 12 години искуство во стратешка креатива, бренд дизајн, арт дирекција и менаџмент, Здравко Кеврешан е назначен за креативен директор на агенцијата Drive.
„Драго ми е што имам можност уште поблиску да соработувам со фантастичниот тим на Drive и што заедно дополнително ќе го унапредуваме креативниот производ на агенцијата. Drive работи десет години и во следната деценија влегуваме со уште поголема страст, храброст и посветеност да истражуваме нови можности, да ги поставуваме вистинските прашања и да одиме чекор подалеку од вчера“, вели Здравко Кервешан.
Здравко работеше во агенциите McCann во Скопје и Белград, а во 2019 година стана дел од агенцијата Drive. Во текот на неговата професионална кариера беше дел од креативни тимови кои креираа и реализираа забележителни кампањи кои освоија некои од најпрестижните награди на локални, регионални и меѓународни фестивали како Golden Drum, Eurobest, Mixx, SoMoBorac, Kaktus, UEPS и други. Значителен дел од своето искуство го стекна работејќи со голем број клиенти од различни категории (Mastercard, The Coca-Cola Company, Carlsberg, L’Oréal, Delhaize Maxi, Bambi Plasma, Telekom Srbija, Heineken, Skopsko, Raiffeisen Bank, BMW и др.),континуирано работејќи на развојот на нивниот бизнис и брендови.