Балканските земји се најподложни на “лажни вести” поради контролата на медиумите, ниското ниво на образование и довербата во општеството
Индексот на медиумската писменост за 2018 година покажа дека земјите на Балканотсе најранливите во Европа кога се работи за “лажнати вести” и феноменот на пост-вистина, и тоа поради силната политичка и економска контрола која постои врз медиумите, недоволното образование и ниското ниво на доверба во општество.
Извештајот беше објавен од страна на Институтот отворено општество во Софија, а се опфатени 35 земји во Европа. Највисоко ниво на медиумска писменост има во Финска, а најниско во Македонија.
“Различни пристапи за градење на отпорност на феноменот на пост-вистина се поврзани со тоа како да се премостат фрагментираните вистини, да се намали поларизацијата – и едноставно да се вратите на здравиот разум. Друга работа што не треба да се заборави кога се размислува за овие, најчесто “онлајн проблеми” (вклучувајќи и ТВ и принт), е тоа што тие предизвикуваат “офлајн” реакции. Решение: најдобро е да не се откажувате од личната одговорност и да се едуцирате за “вредностите на учтивост” и општа пристојност “, се заклучува во извештајот.
Целиот документ е достапен на англиски јазик ТУКА.