Шведска е земја со најголема репутација во светот. Ова го покажа истражувањето на Институтот за репутација, кој ја мери репутацијата на државите во светот според неколку фактори и кој излегува од 2008 година наваму
Во истражувањето биле вклучени одговори на повеќе од 58. 000 испитаници од Канада, Франција, Германија, Италија, Русија, Велика Британија и САД.
Според истражувачите од овај институт, во последните 18 до 24 месеци светот се соочува со големи промени, поради што кај сите држави репутацијата е опадната во просек за еден поен. Ваквата ситуација е бидејќи луѓето низ светот се чувствуваат несигурни поради геополитичките тензии, национализмот и општествениот немир.
Најголем фактор за репутацијата на државите е финансиската стабилност, а други клучни фактори се и природните убавини, пријателски расположените граѓани и етичките политики. Нов тренд кој бил забележан од истражувачите е алтруистичката среќа, односно можноста која државите му ја нудат на поединецот да го прави тоа што го исполнува. Овој тренд е особено забележан во Шведска.
Шведска е рангирана како држава со најголема репутација во светот и поради високите оцени во други фактори како екологијата и заштитата на средината, што се должи на еколошките политики кои државата ги имплементира веќе со децении, почнувајќи уште во 1967 година кога стана првата држава во светот која формираше агенција за заштита на средината. Оттогаш еколошкото живеење е еден од најголемите приоритети во Шведска, каде што се рециклира 99% од отпадот, а 52% од енергијата доаѓа од обновливи извори.
Други фактори во кои Шведска покажала добри резултати се гостопримливоста поради политиките на отвореност за мигрантите од Сирија, како и толеранцијата кон LGBT заедницата. Овде е и родовата еднаквост и намалувањето на јазот во платите меѓу мажите и жените.
Според истражувачите, 29 држави чија репутација бргу паѓа треба да научат нешто од Шведска, а како пример ја споменаа Русија, која оваа година паднала на 52. позиција.
На второ место на листата е Финска, потоа следат Швајцарија и Норвешка. Од друга страна, земји со најниска репутација се Нигерија, Иран и Ирак.