Манифестацијата „Избор за најуспешна жена претприемач од источен и југоисточен регион“ која годинава за првпат се органзиира од страна на Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“ веќе доживува голема популарност на социјалните мрежи. Изборот на најуспешни жени претприемачи ќе го направи публиката преку гласање кое се реализира на фан страницата „Жените во економијата“, но и стручното жири кое ќе ги прогласи најдобрите во шест категории: бизнис со најдолга традиција, бизнис со најголем раст, бизнис со најголем потенцијал, најмлад бизнис, најкреативен бизнис и бизнис со најхумана димензија.
Прочитајте ги успешните бизнис приказни на дваесетте номинирани жени претприемачи и дадете го својот глас преку кликање на копчето „ми се допаѓа“ веднаш под фотографијата на бизнисот кој ви оставил најголем впечаток. (ЛИНК)
Оваа манифестација овозможува промоција на жените лидери и нивните бизниси во целата држава, ја стимулира можноста за развој на бизнисите преку вмрежување со останатите учесници во бизнис секторот и ја поттикнува можноста за развој на идни соработки и реализација на нови проекти. Наградите ќе бидат доделени на централниот настан кој ќе се одржи на 23 декември во Штип.