Во стремежот социо-културните односи да бидат поорганизирани и поквалитетни денес, со добро осмислени активности и поставени цели, неопходно е да се фокусираме на промена на постоечката практика во сите уметнички области, особено во областа на визуелните уметности.
Значаен сегмент од тој напор е поврзан со постојаното критичко преиспитување, со уметничката и истражувачката практика, менувањето на критериумите, зајакнувањето на теоретскиот контекст и новите толкувања на полето на визуелното творештво на жените.
Во таа насока, во текот на 2021 и 2022 година беше реализирано и истражувањето „Идентитети на жените во современото визуелно творештво“ од Институтот за проучување на културниот развој на Република Србија, во рамките на проектот „Подемот на жените во културата во Западен Балкан“ инициран од Билјана Јотиќ.
Во реализираното истражување, чиј фокус е женскиот идентитет што се манифестира во современото визуелно творештво, беа испитани мислењата и перцепциите на претставниците на женскиот пол/род во оваа област и во општество кое сè уште се придржува до патријархалните обрасци.
Во истражувањето се разгледани искуствата и ставовите на кустоскињите од Србија, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора.
Целосниот извештај со резултатите на истражувањето е достапен на следниот линк.