На 14 декември 2022г., по јубилеен 5-ти пат ќе се одржи конференцијата “Жени претприемачки” во чиј склоп по трет пат ќе се доделат и лауреатитие од изборот “Жена на годината” за жените кои ја одбележаа годинава што изминува.
Настанот чија главна мисија е да ја слави ЖЕНАТА, ќе се одржи во “Музејот на македонската борба” во Скопје и во конференцискиот дел е предвидено да учествуваат неколку гости презентери кои пред присутните ќе говорат на специфична тема во афирмација на жените во бизнисот и жените воопшто, нудејќи сопствени знаења, искуства и совети од различни бројни животни и бизнис ситуации.
Имињата и темите на овогодинешните говорници може да се следат на ФБ страната: https://www.facebook.com/pretpriemachki , каде редовно се објавуваат новости поврзани со настанот.
На настанот вообичаено присуствуваат преку 200 жени од различен беграунд кои меѓусебе разговараат, се запознаваат и споделуваат секакви искуства. Дел од позитивната енергија со која секогаш плени овој настан, може да се почуствува од видеото од минатогодишното издание (
ЛИНК)
Компаниите кои се заинтересирани за спонзорска поддршка на настанот “Жени претприемачки” може да се обратат на телефонскиот број: 070 391 921
Билетите за присуство за настанот се со цена од 3.000 денари (1+1 гратис)и ќе може да се купат најкасно до 10.12. или на следниве начини:
– На фактура пратете маил на: events@kasia.mk или
– Директно на трансакциска сметка: 210-067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на конференција Жени претприемачки)
ПОВЕЛЕТЕ ЗАЕДНО ДА ЈА СЛАВИМЕ ЖЕНАТА И НЕЈЗИНИОТ ПРИДОНЕС ЗА ПОДОБАР СВЕТ!