Nike, IBM, Ford, па дури и AB InBev оваа година се претставија со реклами во кои жените ја имаат главната улога
Ѕвездата во рекламните блокови за време на овогодинешниот Оскар, несомнено беше кампањата “Dream Crazier” од Најк, со Серена Вилијамс во улога на наратор во рекламата, во која се прикажани исклучиво жени, но тоа не беше единствената реклама, која на овогодинешните награди главната улога им ја додели на жените.
Како што наведува Ad Age, Шели Залис, извршен директор на организацијата The Female Quotient, изјави: “Различноста победи на овие Оскари. Сега ја направивме родовата еднаквост свесна одлука во рекламирањето”.
Рекламата на Најк “Dream Crazier“, која привлече големи пофалби во онлајн светот, со повеќе од 180.000 ретвитови и над 200.000 лајкови само на постовите на Најк и самата Серена, можете да ја погледнете подолу.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=6&v=whpJ19RJ4JY
Други реклами кои ги нагласија жените за време на доделувањето на Оскарите оваа година беа IBM, Cadillac и Budweiser.
Во рекламата “Dear Tech” на IBM, Тарана Бурк, основач на движењето #MeToo, им го постави на технолошките компании прашањето: “Дали работите за сите нас или само за неколкумина од нас.”
https://www.youtube.com/watch?v=gNF8ObJR6K8
Cadillac ја промовираше својата кросовер/ SUV линија во нивната кампања #RiseAbove, со серија реклами кои ги прикажуваат жените зад воланот.
“Брендовите денес самите ја преземаат одговорноста за претставување на жените онакви какви што се навистина”, вели Залис.
Брендот AB Inbev лансираше реклама која првично беше направена за Супербол, но ја остави за Оскарите, во која игра Шарлиз Терон и со која се промовира нивната ограничена едиција Reserve Copper Lager.
Музичката подлога на рекламата е песната „Tricky“ од групата Run-DMC, во која еден од стиховите порачува: „These girls are really sleazy, all they just say is please me.“
https://www.youtube.com/watch?v=8W2ZzoRRmns
извор: AdAge