Американската осигурителна компанија уште еднаш изненадува со својата „It’s not surprising“ кампања
Најновата реклама на компанијата Geico во рамките на нивната кампања „It’s not surprising“, донесува класичен оркестар и жесток солист на триангл, кој очигледно посакува да свири на некој поинаков концерт.
Изненадувачкиот дел? Кога ќе дојде неговиот ред за да чукне лесно на својот триангл, тој се лизга на сцената на колена, како да изведува гитарско соло на рок концерт. Како и сите одлични реклами на Geico, и овде станува збор за едноставна идеја која секако ќе ве насмее.
Телевизиската реклама е претставена во текот на доделувањето на Emmy наградите, а онлајн верзијата завршува со повик до гледачите да се претплатат на YouTube каналот на компанијата. Рекламата ја изработи долгогодишната агенција на компанијата, The Martin Agency, од која тврдат дека солистот неколку пати ги искинал панталоните обидувајќи се да го усоврши лизгањето на сцената. Режисер на спотот е Steve Miller од Radical Media.
https://www.youtube.com/watch?v=KzjC2WEF6f0