Компаниите во Европската унија веќе деветта година по ред ги зголемуваат своите инвестиции за истражување и развој, но овие инвестиции сè уште се под глобалната стапка на раст, се вели во студијата The 2019 EU Industrial R&D Investment Scoreboard, која за Европската комисија ја ирзаботи Joint Research Centre (JRC).
Во 2018 година, инвестирани се 4,7% повеќе инвестиции за истражување и развој во Европската унија отколку во претходната година. Овој раст доаѓа од автомобилскиот, здравствениот и ИКТ сектор.
Во се` поголемата глобална технолошка трка, водечките 2.500 индустриски играчи во светот ги зголемија своите инвестии за истражување и развој за 8,9% минатата 2018 година. Растот на инвестициите од компаниите со седиште во ЕУ е помал од оној на американските и кинеските компании: американските компании минатата година ги зголемија инвестициите за истражување и развој за 10,3%, а кинеските за дури 26,7%.
Ова се некои од главните наоди од студијата на JRC за инвестициите во индустриско истражување и развој, објавени од Европската комисија. Студијата дава годишна длабинска анализа на најновите инвестициски трендови на водечките светски индустриски истражувачко-развојни играчи кои придонесуваат за разбирање на позиционирањето на компаниите на ЕУ во глобалното опкружување.
Генералниот директорат за истражување и иновации и Заедничкиот центар за истражување на Европската комисија, почнувајќи од 2004 година спроведуваат истражување за инвестирањата во истражување и развој. Најновата студија опфаќа 2.500 компании во светот кои инвестирале најголем износ во истражување и развој според извештаите на деловните активности на компаниите.
2500 компании со најголеми инвестиции во истражување и развој доаѓаат од 44 земји, а најмалите инвестиција на некои од овие компании се 30 милиони евра. Нивните вкупни инвестиции во истражување и развој се 823 милијарди евра или 90% од глобалните инвестиции во истражување и развој.
„Компаниите со седиште во ЕУ продолжуваат да ги зголемуваат инвестициите за истражување и развој, но потребно е многу повеќе во глобалната трка за технолошко лидерство во технолошкиот и одржливиот развој. Ние сакаме да основаме целосно Европски совет за иновации кој ќе инвестира во компании со висок ризик кои создаваат нови пазари. Ако сакаме Европа да го поттикне преминот кон климатско неутрална економија, мораме да ги удвоиме нашите напори“, рече Марија Габриел, комесар за иновации, истражување, образование, култура и млади.
На рангот на 2.500 најголеми инвеститори во светот за истражување и развој, САД се рангирани на прво место со 769 компании (313 милијарди евра во инвестиции за истражување и развој), а потоа следат 551 компании со седиште во ЕУ (208 милијарди евра) и Кина 507 компании (96 милијарди евра).
551 компании со седиште во ЕУ вработуваат повеќе од 19,4 милиони луѓе, што претставува зголемување од 3,9% во однос на претходната година.
Со глобалните истражувања и развој управува американскиот ИКТ сектор на услуги (17,1%), а потоа следат производителите на ИКТ (9,1%) и здравствениот сектор (9,3%). Секторите за раст во истражување и развој во ЕУ ги сочинуваат автомобилите (6,4%), производители на ИКТ (5,5%) и здравството (3,8%).
Компаниите од ЕУ се натпреваруваат со САД во воздушната и одбранбената индустрија и во хемискиот сектор во кој Јапонија ја презема водечката позиција.
Според анализата на патентите поднесени ширум светот за период 2012-2015 година, 2.500 од водечките компании зао инвестирање во истражување и развој оствариле 53% од сите таканаречени зелени технолошки патенти.
Најголем дел од овие патенти (38% во 2012-2015 година) има во транспортот. 25 најдобри компании за патентирање на зелена технологија вклучуваат 5 компании со седиште во ЕУ; додека 9 јапонски компании како целина се најактивни.
Студијата покажува дека растот на инвестициите за истражување и развој од страна на 2.500 водечки индустриски играчи резултира во зголемување на повеќето финансиски индикатори на овие компании. Нивната нето-продажба (+ 8,4%) и добивката (+ 9,1%) го продолжија позитивниот тренд од претходната година, зголемувајќи се со слично темпо како и инвестициите за истражување и развој.
Нето продажбата на 551 компанија со седиште во ЕУ достигна 6 милијарди евра, што претставува пораст од 4,7% во однос на претходната година.