Брендот на чипс Lay’s, кој е спонзор на фудбалската Лига на шампиони во машка и женска конкуренција, објави реклама со фудбалска тематика насловена “Grab the Moment” („Зграпчи го моментот“).
Спотот почнува со сцена во која една група на другари играат фудбал. Но, откако куче ќе им ја украде топката, другарите се замислени за тоа како ќе ја продолжат својата игра. За среќа, една девојка јаде Lay’s чипс и добива брилијантна идеја.
Таа почнува да дрибла со невидлива топка и одеднаш сите се приклучуваат на фантазијата, подавајќи ја замислената топка низ целиот град. Во еден момент, невидливата топка оди позади висока ограда и кога девојката се качува за да ја врати, од другата страна изненадено го гледа Лионел Меси, кој исто така грицка чипс Lay’s. Познатиот фудбалер ја продолжува играта, па на девојката ѝ нафрлува за удар со глава, по што невидливата топка комично завршува со скршен прозорец.
Рекламата е создадена со помош на агенцијата OMD.