Во склоп на BalCannes, по прв пат во регионот, огласувачи ќе ги одбираат најдобрите проекти и најдобри маркетинг агенции од Македонија, Хрватска, Србија, Словенија, БиХ и Црна Гора.
Стручното жири кое го сочинуваат некои од најдобрите и најискусните маркетинг стручњаци во регионот внимателно одбрани за оваа задача е составено од: директорот за маркетинг на Загрепската пивара, Дарко Иванчевиќ, директорката за маркетинг и комуникации во Уни Кредит Банка, Селма Риџановиќ Кеновиќ, директорот за маркетинг на Телеком Словенија, Симон Фурлан, директорката за маркетинг на секторот грицки во Атлантик група, Снежана Теодоровиќ и маркетинг менаџерката на Пивара Скопје АД Кока-Кола Хеленик & Heineken JV, Зденка Милановиќ.
Жирито составено од огласувачи ќе ги прегледа сите пријавени проекти и ќе ги одбере најдобрите 25 кои ќе бидат претставени на Weekend Media Festival во Ровињ, кога ќе бидат доделени и наградите за најдобра агенција, најдобри проект и посебна награда BalCannes.
За време на гласањето кое ќе се одвива во два круга, огласувачите нема да бидат во можност да гласаат за проектите од својата земја што дополнително ќе им осигура непристрасност во оценувањето.
Покрај од огласувачите, сите проекти ќе бидат оценети и од жирито на новинари и уредници кои ја следат индустријата а кое го сочинуваат: Екрем Дупановиќ, главен уредник на Медиа-Маркетинг, Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на Маркетинг Мрежа, Марјан Новак, главен уредник на Маркетинг Магазин ЕУ, Борис Ефтимовски, основач и главен уредник на Маркетинг365 и Иван Брезак Бркан, основач и главен уредник на Нетокрација. Новинарите ќе доделат посебна награда на проектот кој беше најдобар за изминатата година според нивното мислење.
Ваквата селекција ја пресликува вистинската ситуација на пазарот, сметаат организаторите на BalCannes, HURA и Weekend Media Festival.
Пријавите за BalCannes ќе бидат отворени до 1 септември 2016. За пријавување и повеќе информации посетете го следниов линк: www.balcannes.com