Едно од најнеобичните креативни натпреварувања во сферата на индустриските награди – PHNX Awards, веќе привлече 700+ жирирачи
Пријавите за AdForum PHNX Awards 2022 се отворени до 1 мај, со уникатно правило: првата пријава е бесплатна, со последователна котизација од 150 евра по пријава САМО доколку кампањата влезе во потесниот избор.
Другиот уникатен аспект на PHNX наградите е неговото жири. За разлика од кој било друг натпревар, PHNX се отворени за жири-членови од секој аспект на адвертајзинг индустрија: не само креативци, туку и маркетери, стратези, лидери на агенции, консултанти и новинари. Тоа е едно од најразновидните жирија во нашата индустрија.
Заинтересираните жирирачи се пријавуваат за да учествуваат и по процесот на валидација, добиваат можност да гласаат за пријавените кампањи преку онлајн платформа. За жирирање досега се пријавиле повеќе од 700 луѓе од сферата на адвертајзингот и дизајнот.
Во овој неверојатен избор на таленти, се наоѓаат лидери на престижни агенции, искусни креативци, копирајтери, уметнички директори, планери и стратези – но и креативни мислители од престижни брендови како што се JPMorgan Chase, Google, Meta и Twitch, заедно со водечките новинари од индустрискиот печат и пич-консултанти од заедницата на AdForum.
Целосниот состав на жирито, како и пријавувањето за да станете дел од него, е достапно на следниот ЛИНК.
Потесниот избор на кампањи ќе биде објавен на 16 мај, а финалната наградна церемонија ќе се одржи онлајн на 16 јуни.
AdForum ги лансираше наградите PHNX за време на карантинот во 2020 година, како начин за поддршка на нашата индустрија и докажување дека ништо не може да ја спречи креативноста. Првично замислена како еднократна награда, нејзиниот успех доведе до основање на нов „играч“ на полето на глобалните награди.
Повеќе детали за наградите се достапни на овој ЛИНК.