Ако мислевте дека креативноста и стратегијата се два одделни света, новото издание на „Денови на комуникациите“ ќе ве убеди во спротивното, пренесувајќи го необичното размислување што ја предводи маркетиншката трансформација!
Тој е еден од најоригиналните мислители во огласувачката сфера, но и пошироко, автор на TED предавање со милиони прегледи и голем број глобално популарни бестселери. The Guardian го прогласи за еден од најфасцинантните, највлијателните, ексцентричните и духовити луѓе во бизнисот, што е прилично добро илустрирано со фактот дека тој живее во некогашниот дом на Наполеон III – но ни повеќе ни помалку, туку во поткровјето! Тој е Рори Сатерленд, глобален потпретседател на Ogilvy, една од најголемите и најпочитуваните огласувачки агенции со 131 канцеларија во 93 земји низ светот и овогодинешен предавач на „Денови на комуникациите“!
Моќта на убедувањето – со креативен пресврт
Основачот на софистицираниот пристап на Ogilvy кон бихевиоралната економија, Рори Сатерленд е уметник на убедување како никој друг, а овој април сите љубители на иновативното размислување ќе можат да го слушаат на главната сцена на фестивалот за пазарни комуникации. Во вечната потрага по невидени можности во однесувањето на потрошувачите, зборувајќи за огласувањето, убедувањето и докажаните психолошки техники за дефинирање на човековото однесување – Сатерленд стои во центарот на креативната револуција создавајќи беспрекорна комуникација што ја замаглува границата помеѓу огласувањето и забавата.
Како да ги прочитате потрошувачите и да ја трансформирате маркетинг стратегијата
Како и зошто потрошувачите носат одлуки? Какви можности ни овозможуваат информациите за однесувањето на потрошувачите? И, можеби најважно, како да ги совладате бихевиоралните практики во креативната индустрија и да се истакнете во презаситениот пазар? Одговорите ќе ги дознаеме на предавањето насловено “Make Advertising Great Again” на еден од најфасцинантните и највлијателните комуникациски стратези денес! Со повеќе од 30 години искуство во индустријата и вредни сознанија кои создаваат завидни резултати, предавањето на Сатерленд е императив за сите кои се занимаваат со маркетинг и огласување, како и за оние кои се во потрага по нови начини на размислување.
„Рори Сатерленд е маркетиншки гениј, интелектуална суперѕвезда и веројатно најдуховитиот човек во светот на огласувањето. Неговиот поглед на светот е превртен наопаку, а неговиот хумор и мисли се изненадувачки и непредвидливи. Сатерленд е уникатен, поучен, смешен и неверојатно инспиративен – подобро е да ги пропуштите овогодинешните „Денови на комуникациите“ отколку неговото предавање!“ – истакнува Дамир Циглар, член на Организацискиот одбор на „Денови на комуникациите“.
Секој комуникатор знае подеднакво да ја сака комуникациската индустрија онолку колку што таа (по)често му оди и на живци, а дека ништо не е црно-бело, освен идентитетот на фестивалот, ќе покаже шарената комуникациска заедница на „Денови на комуникациите“ која веќе долго време дише со овој нетипичен фестивал и со години ја креира неговата посебна енергија.
Освен Сатерланд, учесниците на „Денови на комуникациите“ ќе имаат можност да ги слушнат и: Едвард Сноуден, кој ќе им се придружи на учесниците на фестивалот преку видео врска на десетгодишнината од откривањето на системот за масовно следење што го шокираше светот; потоа евангелистот, визионер и рок ѕвезда на технолошкиот свет Џејмс Витакер; па Мунис Кан, стратег и директорка на Highsnobiety, која им помага на брендовите да трасираат пат до сигурен успех; Тошихико Танабе, водечкиот креативец на далечната Јапонија; потоа водечкиот светски авторитет на секстехнологијата Брајони Кол; и главниот „монах“ на најголемата платформа за дигитална продукција во светот, Виктор Кнап; како и многу други интересни гости на „Денови на комуникациите“ кои дополнително ќе бидат најавени.
Регистрацијата за учество на еден од најдобрите светски настани, според двојната номинација на британските Association Excellence Awardsa, е отворена на официјалната веб-страница на фестивалот.
Овогодишното издание на „Денови на комуникациите“ ќе се одржува до 20 до 23 април во Хотелот Лоне во Ровињ, Хрватска.