Италијанскиот премиум бренд на пиво Peroni Nastro Azzurro ја лансираше својата прва зимско-тематска кампања, охрабрувајќи ги љубителите на пивото да уживаат во секој проживеан момент, во текот на целата година (“Live Every Moment, All Year Round”).
Во централниот хумористичен спот на кампањата се запознаваме со Нино, човек кој што директно ќе се соочи со секој предизвик за да ужива во своето омилено пиво, дури и ако тоа значи раскопување на рекордните наноси снег по улиците на Торино – на големо задоволство на сите негови комшии!
Зимската кампања на Peroni се реализира во соработка со креативната агенција Clockwork, а централниот спот е режиран од страна на наградуваниот британски режисер Том Грин. Спотот е проследен со енергичната сурф-рок интерпретација на “Misirlou” од Дик Дејл.