Македонија2025 го зголемува своето влијание со избор на нови членови на Одборот, кои ќе придонесат кон организацијата со своето знаење и искуство, и ќе ú помогнат во исполнување на својата мисија, односно поддршка на развојот на Македонија преку промовирање одржлив економски раст кој ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори.
Македонија2025 денеска објави именување на два нови членови на Oдборот на директори, со што бројот на членови се зголеми на дваесет.
Одборот на директори на Македонија2025 им посакува добредојде на:
Г-дин Живко Мукаетов, Извршен директор и Претседател на Управниот одбор во Алкалоид.
Г-дин Роберт Стевановски, Претседавач на ACN Inc.
„Чест ни е да им посакаме добредојде на Роберт и Живко во Одборот во овој важен момент на развој во нашата организација. Овие докажани лидери ќе ги применат своите значајни гледишта, искуства и страст за земјата со цел подобрување на животите и зголемување на влијанието што го имаме во нашата заедница. Во име на целиот Одбор на директори, почестени сме да им посакаме добредојде на Роберт и Живко и знам дека сите ќе имаме корист од нивното разновидно лидерство и експертиза“ – рече Мајкл Чкламовски, Претседавач на Одборот на директори на Македонија2025.