Францускиот бренд на коњак Hennessy ја лансираше својата најнова кампања насловена „Животот е најголемата Одисеја“, означувајќи го третото продолжение од опусот „Одисеја“, по остварената соработка со иконичните филмски режисери Ридли Скот во 2019 година и Николас Виндинг Рефн во 2016 година.
Новиот седумминутен филм, режиран од Демиен Шазел, се осврнува врз приказната на некој музичар кој уште еднаш ги проживува своите животни спомени во виорна авантура каде се спојуваат места, луѓе, звук, музика и емоции.
„Филмот се фокусира на идејата дека навидум најминливите емоции можат да предизвикаат Одисеја во која се преклопуваат детството, раната зрелост и иднината. Со Hennessy X.O погледнав во сеќавањата на една личност, оставајќи ја публиката да ја комплетира сликата“ – објаснува Шазел.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција DDB Paris, а за нејзиното создавање биле потребни три години.