Како продолжение на својата кампања “Shoot on iPhone” („Снимено на Ајфон“), технолошкиот гигант Apple го објави краткометражниот филм „Животот е само сон“, режиран од страна на корејскиот режисер Парк Чан-вук, а снимен исклучиво со помош на телефонот iPhone 13 Pro.
Филмот ја раскажува „бизарната“ приказна за еден корејски гробар кој откопува стар гроб за да го украде ковчегот, со цел повторно да го употреби за погребот на некоја воинка која го спасила селото. Меѓутоа, гробот кој го откопува му припаѓа на некој дамнешен вион, чиј дух не е задоволен од она што се случува.
Духот на воинот се враќа меѓу живите во обид да си го врати ковчегот од страна на гробарот. Но, во тој обид за враќање, духот на воинот го буди духот на воинката која требало да биде погребана.
Приказната понатаму добива романтично продолжение, во кое духовите на двата воини се заљубуваат и венчаваат. Всушност, наместо погреб – жителите на селото добиваат свадба, која напоредно се случува и во светот на мртвите.
Се работи за навистина интересна надреална приказна, комбинација на романса и црна комедија, создадена во духот на корејската култура и традиција. Филмот го одразува верувањето дека животот и смртта не се ниту спротивни, ниту одвоени, туку испреплетени.
Погледнете: