Повеќе од 80 години, американскиот бренд на теренски возила Jeep е неизбришливо поврзан со слободата, автентичноста, авантурата и страста. Тоа се возила за „сонувачи и создавачи“, како што би рекле од компанијата.
Темата на „слободата“ има централно место и во најновата реклама на автомбилскиот бренд, емитувана за време на синоќешниот Супер боул, во која главната улога ја толкува еден од најавантуристичките актери во историјата на холивудскиот филм – Харисон Форд.
На еден смирен, но инспиративен начин, кој доликува на неговата возраст, актерот зборува за суштината на слободата. Тој истакнува дека животот не доаѓа со „прирачник за корисници“, овозможувајќи му на секој еден човек да ја напише сопствената животна приказна – и сето тоа благодарение на слободата на изборот. Така и Харисон Форд го избрал она што го прави среќен – неговиот Jeep, иако според презимето се чини дека бил предодреден за друг автомобил. :)
„Животот не доаѓа со прирачник за корисници – мора да го напишете сами. И никој не го знае ова подобро од Харисон Форд. Од 1941 година, секое возило на брендот Jeep е направено за оние кои ја раскажуваат сопствената приказна. Без разлика дали се работи за легендарниот Jeep Wrangler или целосно новиот, целосно електричен Jeep Recon, нашите теренски возила ја отелотворуваат силата, духот и пред се слободата за истражување. Сега, излезете во светот и напишете го сопствениот животен прирачник“ – истакнувата од Jeep, во описот на новата кампања.