За адвертајзингот порано можевме да кажеме дека е едноставен. Ќе го земевме продуктот, ќе ја истакневме неговата “посебна функционалност“, ќе кажевме дека е многу забавен и кул…..и спакуван во некој озбилен/хумористичен/документарен стил ќе ја пренесевме пораката што треба да мотивира лојалност или купување.
Но времињата се менуваат, луѓето и општеството исто така се менуваат и тоа никако не може а да не се одрази на “личноста“ на брендовите и секако на нивната бренд вредност. Луѓето во последните години многу високо на листата на свои приоритети и теми од интерес ја ставаат општествената одговорност – а тоа е тема која не смее да биде избегнувана од брендовите – кои мораше да се охрабрат, исправат и својата комуникација да ја надоградат со СТАВ за општеството, луѓето и промените кои сакаат да ги направат.
Еден таков став е и гласното НЕ кон предрасудите и подршката за различностите и различните. Карактерот се препознава по акциите, а таква акција и кампања од неодамна гледаме од пивскиот бренд “Златен Даб“ на Прилепска Пивара со ангажманот #безпредрасуди и #безетикети.
Продолжението на медиа кампањата Прилепска Пиварница ја продолжува со тоа што лансира лимитирана серија шишиња Златен Даб од 0,5л. без етикета, како знак на поддршка за различностите и ослободување од предрасудите. Имено, од секое купено шише Златен Даб 0,5л. без етикета ќе се издвојуваат по 5 денари за фондот за донации на Прилепска Пиварница, а средствата од фондот ќе бидат донирани во хумани цели.
Со овој несекојдневен маркетиншки потег – пуштање во промет шишиња Златен Даб без етикети директно се пренесува пораката „Без предрасуди, без етикети“ и се повикува на прифаќање на различностите, ослободување од стереотипи и отфрлање на дискриминацијата од секаков вид.
Со оваа акција, Прилепска Пиварница сака да ги инспирира фановите да ја поддржат кампањата со тоа што ќе го побараат „пивото без етикета“ и со тоа симболично да ја дадат својата поддршка за градење свет еднаков за сите.
Оваа серија е лимитирана и ќе ја има во националните ланци на супермаркети (Веро Тафталиџе и Џамбо, Рамстор, КитГо, Тинекс) во поголемите градови како Скопје, Прилеп, Битола, Велес, Струмица и Охрид.