На последното доделување на Твитер и Блогираме наградите, кое се одржа минатиов викенд во Скопје, “Златен Даб“ на Прилепска Пиварница беше избран за најдобар бренд на Твитер за годинава што изминува.
Наградата преку видео, ја додели, Niall Horgan, Partner Manager EMEA во Twitter, кој на компанијата и подари и вредносен ваучер од 500 евра за огласување на Твитер.
Во конкуренција на голем број други компании и брендови номинирани за оваа награда, токму Златен Даб беше брендот што ја освои македонската твитосфера со својата уникатна онлајн-комуникација, а веруваме и со квалитетот на своето пиво :)
“Твитерџии, и сите други љубители на Даб, да наздравиме за оваа значајна награда, со желба и ветување за голем број други успеси и постигнувања во иднина! Златен Даб ви ги честита новогодишните и божиќните празници и ве поканува да го следите @Zlaten_Dab на Твитер и во 2015 г.! “ – изјавија од компанијата по повод наградата.
Секогаш присутен во моментите на уживање, задоволство и забава, Златен Даб за кратко време стана омилено пиво на твитерџиите, кои мошне често го спомнуваат во своите твитови и постираат фотографии од личните мигови на задоволство со Даб.
Да се освојат гласовите на твитер заедницата, која важи за исклучително свесна заедница е успех должен за почит, особено што во Македонија речиси и да не постојат избори во кои интернет заедницата бира најомилени брендови. Честитки !