„Прилепска Пиварница” деновиве ја лансираше најновата лимена амбалажа на Златен Даб од 0,5 литри, со што го заокружува своето портфолио и потврдува дека е модерен бренд, кој ги следи потребите на верните љубители.
“Создавањето на лименката Златен Даб е одговор на бројните барања од нашите најверни корисници. Иако се чекаше долго на појавата на лименката, сега е вистинското време омиленото македонско пиво да го најде своето место на пазарот и да биде уште подостапно за консументите. Препознатливи сме по врвниот квалитет на нашето пиво, но и по иновативниот пристап во градењето и развивањето на брендот, што го потврдуваме и заокружуваме со новата лименка“, изјави Александар Чатлески, бренд-менаџер на Златен Даб.
Лименката Златен Даб се карактеризира со модерен и автентичен дизајн, кој е резултат на детално истражување на потребите и навиките на новата генерација што постојано трага по нови, возбудливи нешта. Дизајнот ги следи трендовите во пиварската индустрија, задржувајќи ги препознатливите бои и симболи на брендот. Во однос на формата и практичноста, лименката совршено се вклопува во рака, лесно се отвора и е подготвена да го следи својот консумент во чекор.