Пред околу петнаесетина години, брендот за брза храна McDonald’s се здружи со американскиот пејач Џастин Тимберлејк за да го извади сега веќе препознатливиот џингл “I’m loving it”.
Но, иако голем број на луѓе ја препознаваат мелодијата, не многу знаат дека таа може да се рекреира со типките на вашиот мобилен телефон.
Со тоа на ум, McDonald’s лансираше интересна наградна игра за шведскиот пазар во која фановите треба да ја откријат правилната комбинација и да се јават на тој број.
За оној кој ќе го погоди таканаречениот „Златен број“ следува можност за добивање на специјална ваучер-картичка која ќе може да се користи на која било локација на McDonald’s во државата.
Кампањата е создадена со помош на агенцијата Nord DDB.