Од почетокот на 2021 година, на македонскиот медиусмки онлајн простор се појави нов портал, ZOOM.MK, кој има за цел да внесе малку свежина во начинот на известување на новинарите.
Слободата на медиумите во Северна Македонија е сериозно загозено поради огромното влијание на политичките и економските центри на моќ, кои речиси имаат целосна контрола врз медиумите.
Освен тоа, вербалните закани и физичките напади врз новинарите, кои драматично пораснаа последната година, уште повеќе придонесуваат за зголемување на чуството на несигурност на новинарите и се по присутната самоцензура во медиумското известување.
Во вакви ненормлани услови во кои работат новинарите, апсолутно е неможно медиумите професионало да ги информираат граѓаните за важни прашања од јавен интерес. Голем процент од медимската соддржина што се објавува во македонските медиуми, е прозиведен од јавните и државни институции, како и од главните политички актери.
„Ќе се обидеме да се соочиме со медиумските шум што го создаваат највлијателните медиуми во земјата“, вели одговрниот уредник, Насер Селмани додавајќи дека немасто политичките и економските моќници, во центарот на нивното внимание ќе бидат грижите на обичните граѓани.
„Од блиску ќе ги следиме реформите од кои зависи членството на земјата во Европската унија. Одговорно и непристарсно ќе известуваме за сензитивните прашања во земјата и регионот со цел да промовираме разбирање и соработка, како и добри и пријателски односи со сите соседи“, вели Селмани.
За посложените општествени проблеми, за работите да станат појасни за граѓаните, тој ветува дека ќе се фокусираат и на интерпретација на фактите и на зумирање на битни прашања од кои зависи иднината на земјата.
„Ќе имаме неделно интервју, чести анализи и коментари“, открива Селмани, кој сака да ја проба среќата во борбата против општествените табуа, од кои робуваме скоро триесет години.
„За секој проблем за кој може да се разговара, има решение“, вели Селмани додавајќи дека улогата на медиумите е токму во тоа да создават поволен амбиент за конструктивна дебата за сите важни прашања.