Платформата за видео-конференции Zoom е несомнено еден од најголемите „добитници“ од пандемијата, етаблирајќи се као една од најпопуларните опции за поврзување на дистанца со соработниците, пријателите и семејството. Сега, од компанијата соопштија дека почнуваат со тестирање на реклами кои ќе им се прикажуваат на корисниците што се служат со бесплатната верзија на платформата.
Од Zoom посочуваат дека вакиот чекор ќе придонесе во нивните инвестиции за подобрување на платформата, како и дека ќе им овозможи да продолжат да ја нудат својата услуга бесплатно за корисниците.
Рекламите ќе им се појавуваат само на беслатните корисници, и тоа само доколку домаќинот на состанокот е исто така корисник кој се служи со бесплатната верзија. Доколку домаќинот има платен кориснични профил, тогаш нема да има реклами за никој учесник во состанокот.
Иницијално, рекламите ќе се појавуваат по завршувањето на состанокот, но во идна се можни и други огласувачки позиции. Меѓутоа, од компанијата ветуваат дека корисниците нема да гледаат реклами за време на самото траење на состанокот.
Исто така, од Zoom уверуваат дека содржините на состаноците ќе останат доверливи и нема да бидат користени за никави маркетиншки, промотивни или други огласувачки цели.