Автор: Kiara Imani Williams / Текстот оригинално е објавен на овој ЛИНК
‘’Како дете, секоја вечер во петок седнував пред својот ТВ приемник и следев цел маратон на ABC “TGIF” (Thank God It’s Friday) најразлични шоу програми започнувајќи од Boy Meets World па се до Sister Sister. А за време на рекламните паузи?
Па седев и за време на рекламните паузи. Не можев да стиснам на опција “fast forward,” а не можев ниту пак да ги гледам серијалите подоцна на мојот лаптоп.’’
Рекламите беа неизоставен дел од нашето секојдневно искуство од областа на забавата, а не се ни осмелувавме ниту пак да го промениме каналот во текот на нивното времетраење. Што ако го променевме каналот и пропуштевме некој момент од нашето омилено шоу? Не се осмелувавме да ризикуваме. Но тоа беа 90-тите, а нештата денес се сосема поинакви.
Завршени се деновите кога гледачите беа ‘’заробени’’ во паузите за реклами во регуларната линеарна програма која течеше по свој редослед.
Со популарноста на VOD (видео по барање) , на гледачите им се овозможи избегнување на традиционалните реклами и методи. Епизодите од шоуата ги снимавме наместо да брзаме да се враќаме од работа за да ги гледаме регуларно а со каналите како Netflix можеме да ги гледаме епизодите на многу филмови со избор на омилените епизоди од понудената содржина.
Да земеме во обзир дека просечно човекот обрнува внимание околу 8 секунди ќе добиеме многу битен податок за компаниите кои е потребно да научат како да ги реорганизираат своите маркетинг стратегии кои треба да ја рефлектираат динамичната природа на медиумската потрошувачка.
Дигиталниот маркетинг е еден од нај ефективните начини да се стигне до потрошувачите.
Во својата трета по ред годишна студија на 360 маркетинг и медиумски професионалци, наречена Video Ad Spend study, истражувачите на Interactive Advertising Bureau , откриле дека на маркетинг и на реклами годишно се трошат $10 милиони, што е пораст од 85% од пред 2 години. Во согласност со промената на платформите за маркетинг се променија и очекувањата на потрошувачите.
Internet –от успеа да креира пазар за идеи како никогаш порано.
Започнувајќи од вирални видеа со мачиња, па се до ‘’мемиња’’, луѓето на овој медиум очекуваат да се забавувани цело време. Маркетинг и рекламните агенции сега се натпреваруваат со традиционалните компании за забавна програма, и содржината која ја креираат самите потрошувачи за привлекување на вниманието на другите потрошувачи.
Што ова треба да значи на рекламните агенции?
Креирањето на содржина која алудира на вклученост сега е најбитна од кога и да е!
Во текот на последните неколку години чув како многу мали бизниси се жалат на истиот проблем – тие трошат многу пари и време на дигитален маркетинг без повраток на инвестициите (ROI) .
Иако направиле бројни истражувања и ги зеле во предвид предностите кои ги нудат алатките како Google AdWords и платените Facebook реклами , овие фирми не успеале да направат директна корелација помеѓу нивните вложени напори и бенефициите.
Проблемот не се состои во нивните вложени напори за маркетинг, туку во самата содржина. Бизнисите е потребно да научат како да се здобијат со капитал преку кажување на нивната приказна. Но тие не треба да кажуваат било каква приказна, тие е потребно да раскажат добра приказна. Оваа приказна треба да добие емоционален одговор и да успее да креира персонална врска помеѓу бизнисот и публиката. Кога емоциите и приказната ќе го допрат срцето на публиката следува и самата акција.
“Audience Reach” не е веќе најефективната метрика за дигиталните рекламери. Таа нуди само преглед на напорите кои ги правите во рамките на самата кампања.
Еве и една претпоставка, да речеме, 5000 луѓе успеале да го видат вашето видео онлајн. Што со тоа?
Доколку тоа видео вашата публика не успее да ја инспирира да има некаков фидбек, тогаш вие само го трошите своето време и своите пари.
За разлика од традиционалното телевизиско рекламирање, дигиталните платформи овозможуваат да погледнеме низ KPI (key performance indicators) –како социјалната интеракција и вклученоста на корисниците. Со популарноста на дигиталниот начин на рекламирање и платените реклами, органската интеракција и метриката која вклучува мерење на корисничката вклученост се оние кои ја валидизираат популарноста на вашиот бренд и се подобри индикатори за успехот на вашите вложени напори за рекламирање на Интернет.
Графикот погоре покажува како маркетингот за раскажување на приказна влијае врз напорите кои бизнисите ги вложуваат во маркетинг. Многу е едноставно. “Customer Response” (одговор на потрошувачите) е индикатор кој ја означива веројатноста клиентот да стане дел од вашата маркетинг кампања. На мерна скала од 1-100 , каде 100 се однесува на најквалитетните приказни, – колку е подобра самата приказна толку ќе биде повисок и овој индекс. Конвезриите нема да се случат се додека приказната не достигне и соодветно ниво на квалитет (означено на графиконот како ‘’Customer Response level of 50’’ – 50то ниво на одговор на потрошувачите).
Доколку квалитетот на вашата приказна не е доволно висок, инвестирањето во маркетинг, платени реклами и видео дистрибуција е сосема бесцелно.
На овој начин може да добиете само неколку посети на вашиот веб сајт, а доколку имате среќа може посетителите да ги прегледаат и вашите услуги, но вклученост на клиенти е малку веројатно дека ќе се случи. Во спротива на ова, доколку вашата приказна е доволно ефективна за да ги инспирира посетителите да одговорат на вашата кампања ќе има потенцијал за промени и раст.
Како се креираат одлични маркетинг приказни?
Потребно е да научите како да креирате приказни со земање во обѕир на вашата крајна цел .Ова се нарекува и метод: “Outcome Driven Narration.” (Раскажување за постигнување на крајната цел).
Ваша цел е луѓето да станат ваши потрошувачи и да го купат вашиот производ?
Не им кажувајте за вашиот производ, покажете им како купувањето на вашиот производ ќе направи тие да се чувствуваат. Кога ќе научите како да започнете со вашата крајна цел на ум, ќе ви помогне да имате најдобри шанси во натпреварот со бројната конкуренција на пазарот на дигитални комуникации.
А доколку имате среќа, можеби ќе станете и следната дигитална маркетинг сензација.