Светската пандемија, кризата со Украина, модерните предизвици и развојот на технологијата доведоа до промени кај луѓето како поединци, но и кај сите организирани форми – колективни единици. Компаниите какви што досега ги познававме, се помалку, ќе бидат атрактивни и комплексни. Секојдневието „наметна“ нови форми на работа и нови формули на соработка. Имено, повеќе не е потребно да се има огромни канцелариски простори (со исклучоци за некои видови бизниси), не е суштински се да имате во состав на компанијата (одделение за сметководство, правна служба, човечки ресурси и така натаму), вработено ИТ експерт и што ли уште не?
Познатиот аутсорсинг (соработка со експерти или компании надвор од вашата компанија) се повеќе станува популарен и ефикасен. Станува збор за успешна конкурентска стратегија која ја користат компаниите. Затоа што помага компаниите повеќе да се сконцентрирани на својата основна дејност и да ги намали фиксните трошоци за функционирање. Сè што е непотребно за организацијата да функционира добро треба да се „увезе“ како експертиза и да се користи кога е потребно. Самиот аутсорсинг се дефинира како процес кој овозможува бизнисот да интегрира трети страни во организацијата за да исполни различни аспекти од бизнисот. Секако, т.н. „трета страна“ ја има потребната експертиза специфична за потребите на компанијата и ја презема целосната одговорност за функцијата во име на матичната компанија.
Постојат многу причини, односно услови, за вклучување на IT аутсорсинг експертиза. Една е, како што рековме, намалување на фиксните, постојаните, трошоци на матичната компанија. Потоа, намалување на потребата од инвестиции на компанијата во капитални расходи, намалување на инвестициите во обучување на вработените и паметно искористување на ресурсите што ги поседува компанијата. Во последните неколку години, аутсорсингот стана многу популарен, се повеќе расте бројот на компании кои користат аутсорсинг и не се плашат да преселат проекти или цели оддели од една во други земји. Ваква компанија е и романската ИТ компанија Softelligence која постои на македонскиот пазар и ангажира експерти.
Во едно од своите обраќање, сопственикот на Softelligence, Адриан Блидарус, рече дека иако Македонија е мала земја со помалку од два милиони жители, сепак може да се најдат многу мотивирани и многу талентирани лица кои истражуваат, преземаат ризици и кои работат напорно. Всушност, оваа ИТ компанија „аутосорсира“ ИТ експерти (мозоци) од Македонија, кои активно се ангажирани во реализација на светски проекти. Компанијата Softelligence ги препозна и сплоти овие таленти овозможувајќи им го најдоброто на своите светски клиенти. „Македонија има најголем и најбрз потенцијал за раст во регионот. Со двоцифрен годишен раст на ИТ секторот (15%) и голем број таленти во компјутерските науки“, рече Блидарус.
Овие ИТ експерти од земјава живеат тука, трошат во Македонија, создаваат дополнителна вредност за македонската економија, но учествуваат во развивање светски решенија. Тие тука формираат семејства и на тој начин, индиректно, компаниите како Softelligence придонесуваат од намалување на „белата чума“, односно селењето на интелектуалната напредна сила надвор од границите на земјата.
Softelligence на македонскиот пазар постои помалку од една година и веќе го докажа својот потенцијал. Компанијата е еден од лидерите за раст на регионот во Централна и Источна Европа во областа на информатичката технологија, што го докажуваат бројките од 20 до 30 проценти годишен раст. Тим од професионалци кои дизајнираат и имплементираат комплексни софтверски и модерни решенија за големи глобални клиенти, консултантски услуги и дигитална трансформација, конкретно опслужувајќи големи меѓународни компании за финансиски услуги – банки, осигурителни компании и брокери, да добијат подобро ниво на деловна комуникација и успешно да бидат пред нивната конкуренција.
(Комерцијална објава)