Дали рекламните агенции и технолошките компании забрзано влегуваат во ‘’базен полн со ајкули’’….
Конкуренцијата за привлекување и задржување на вниманието на потрошувачите на мобилни уреди се зголемува, а со тоа и голем број на агенции кои се обложуваат и купуваат страт-ап компании фокусирани на нова напредна технологија. Со зголеменото учевство на големите технолошки компании, консултантите и ПР компаниите во самиот микс и следењето на текот на парите можеме да пробаме да ги предвидеме трендовите за нарените години.
CBS Star Trek е апликација која го рекреира компјутерскиот интерфејс од истоименото ТВ шоу, ова ќе биде првата апликација од ваков тип на пазарот.
ArcTouch креираа вирутелно возачко искуство за автомобилскиот пазар специјално наменето за корисници на мобилни уреди.
Во почетокот на овој месец, R/GA и неговата родител компанија, Interpublic Group, најавија партнерство со Snap Inc. со цел креирање на инкубатор за компании фокусирани на градење на мобилни и социјални палтформи од полето на вештачката интелигенција, креирањето на содржини и аналитика. Новостите од оваа компанија пристигнаа веднаш по најавите на Facebook од јануари, дека ќе отвара старт-ап хаб креиран од компании за податоци наречен Station F во Париз.
“Кога брендовите и агенциите креираат содржини за кампањи тие гледаат можност за допирање до поголема, поширока публика,” рече Stephen Plumlee, глобален COO на R/GA.
“Дури и кога овие статапи се мали и независни, технологијата може да биде неверојатна, но сепак нема да бидете во можност да ја постигнете неверојатната вклученост на публиката која ќе се постигне со помош на платформи како Facebook или пак Snapchat.”
R3, глобална консултантска компанија изјави дека 2016 година беше почетна година за спојувања и аквизиции во пазарниот сектор со што вредноста на овој вид на зделки порасна за околу 150% до околу $14 милијарди. Но овој простор не само што расте и се зголемува, тој станува динамичен.Од 398 трансакции спроведени од страна на R3, околу 22% од нив биле традиционални купувачи како агенциски холдинг компании.
“Доколку го градите нештото самите, динамиката на градење ќе биде побавна, за растот ќе биде потребно предолго време, многу е побрзо доколку ја донесете потребната способност за вашата компанија од надвор.’’
Во согласност со Paull, маркетинг екосистемот станува покомплициран и покомплексен. Притисокот расте за оправдување на дигиталните инвестиции – односно оправдување и давање на смисла за податоците. Оваа година тој предвидува бројни консолидации од технолошки компании што како процес би значел повеќе аквизиции на компании како Google, Facebook и Amazon. (‘’Со располагање на многу пари во своите раце, овие гиганти уште подобро ќе се позиционираат на пазарот’’- изјавува тој).
Во 2015, Edelman го основа The Yard, интернационален инкубатор за мобилна и нова технологија кој за само една година прерасна во компанија со повеќе од 30 креативни технолози и дизајнери.
ArcTouch и Yahoo соработуваа на апликации за споделување на фотографии и споделување на пораки.
“Не можам да замислам како не би го работеле ова,” рече Andrew Foote, директор на Edelman Digital New York.
Rohit Malhotra, директор на ивестиционата банкарска компанија MergerTech, изјави дека очекува да види многу повеќе M&A активности во просторот на пазарот во текот на оваа година, особено активности поврзани со менаџмент на кориснички услуги и аналитика. Malhotra, кој во моментот работи на три мобилни зделки изјави дека компаниите се обложуваат порано со цел да не изостават резлтати од подоцнежната ‘’игра’’.
“Компаниите кои се успешни и од кои агенциите сакаат да бидат најмени серизно размислуваат од гледна точка на производот.
Минатата година, Malhotra помогна при олеснување на финансирањето за WPP ( Grey) на компанијата ArcTouch, мобилен старт-ап кој разви повеќе од 400 апликации за брендови како Audi и Yahoo. Со околу третина од неговиот бизнис сега фокусиран на ‘’Интернетот на нештата’’, основачот на ArcTouch – Eric Shapiro изјави дека бенефицирале компанијата и Grey: Grey ги побарувала способностите на старт-апот во областите на IoT, VR и AR; на ArcTouch потребна им беше логистиката и големината на Grey,
ArcTouch е една од неколкуте мобилни компании купени од страна на WPP во последните неколку години. Во 2013, Ogilvy ја купи компанијата Bottle Rocket, а во 2014, Possible ја купи Double Encore.