Шведскиот малопродажен гигант Икеа во најновата кампања се претставува себе си како компанија која нуди одмор, а методот за којшто се одлучија се онлајн реклама која се потпира на ASMR техниката (Autonomous Sensory Meridian Response), односно она чувство на задоволство кое го чувствувате на одредени звукови или слики.
Имено, компанијата започна „смирувачка“ реклама која покажува една студентска соба, опремена со Икеа производи, која ја претставува тивок наратор, правејќи ги препознатливите звукови со предметите кои даваат чувство на опуштање и задоволство.
На прашањето зошто направија реклама која буквално може да ги заспие своите гледачи, нејзините креатори Kerri Homsher од Икеа и Della Matej од Ogilvy изјавија: „Секогаш настојуваме да покажеме дека решенијата на Икеа го прават секојдневниот живот подобар за многу луѓе. Ние сме најуспешни кога можеме да ја споиме нашата единствена перспектива за животот во куќа со работи кои се случуваат во популарната култура.“
Бидејќи ASMR видео записите се многу популарни кај младите интернет корисници, а посебно меѓу студентите, тие велат: „Се чинеше како совршен спој: ASMR видео записите обично се фокусираат на куќните предмети, а тоа е она што она што Икеа го прави најдобро.“