И покрај сеуште големите горештини, некои кафетерии во Загреб и Белград овие денови послужуваат пијалоци без коцки мраз. Со пијалокот гостите добиваат само сламка со натпис „Се прашувате зошто нема коцка мраз? Би било многу поладно доколку направевте нешто во врска со глобалното затоплување. “
Тоа е пораката од WWF, една од најголемите и најугледните светски незавнисни организации за заштита на природата, со која на гостите на кафетериите им беа поделени и неколку едноставни совети како секој од нас може секојдневно да влијае за намалување на климетските промени. Гостите на кафетериите можат да добијат коцка мраз само доколку ја споделат фотографијата од својот пијалок и пораката на социјалните мрежи и така ја прошират информацијата со своите пријатели. На акцијата за почеток се приклучија Brewbites Загреб и Courtyard Belgrade City Center хотел Белград, а кампањата ја осмисли агенцијата Bruketa&Žinić OM.
„Климатските промени се голем проблем на денешницата и доколку нешто не направиме, ќе бидат уште поголем проблем во иднина. Со ова спроведуваме акција за освестување на луѓето за тоа како секој од нас може да помогне. Немојте само да седите и гледате како мразот се топи!“, порачуваат од WWF Adria.