”Акциите зборуваат погласно од изјавите на мисиите.”
Доколку КИ индикаторот повеќе се однесува на ‘’Корисничко искористување’’ наместо ‘’Корисничко искуство’’, бизнисите се фокусирaaт на профитабилност. Профитабилноста креирана врз насочување на клиентите, интрузивност и иритација едноставно е неодржлива. Кога брзата заработка се става пред подобрувањето на корисничкото искуство тогаш не станува збор за грижа за корисници туку грижа за заработка.
Од дигиталните услуги да го земеме за пример мобилното рекламирање, тоа нуди одлични основи за евалуација на дизајнот на бизнис моделот. Податоците од реално време и предиктивната анализа на сериозните организации можат да им овозможат брзо калкулирање на искуството и искористувањето. Поголемиот број на бизнисите денес клиентите ги гледаат како битни партнери на својот бизнис чие искуство е од голема вредност.
Facebook прави голем профит од корисниците кои се рекламираат на мобилната платформа, но не ги субвенционира техничките недостатоци во корисничкото искуство. Факт е дека околу 40% од корисниците на мобилната верзија на Facebook ги напуштаат страните за кои потребното време да се отворат е подолго од 3 секунди. Facebook ги информираше своите корисници да го подобрат проблемот со отворањето на своите веб страници кој се јавука како дел од проблемот со овие конверзии.
“Нашата цел е да им го дадеме на луѓето најдоброто искуство на мобилната верзија. Да се земе во предвид брзината на конекцијата со мрежата како и брзината на отворање на една веб страницаа, ние можеме да помогнеме во подобрувањето на тоа искуство подобрувајќи ги излезите и резултатите кои адвертајзерите кои се рекламираат ги очекуваат,” – се изјасни еден од претставниците на Facebook.
Во поглед на поп-ап рекламите кои излегуваат постојано и се шират како вирус на нашите екрани кога се обидуваме да отвориме нешто, објаснувањето на претставниците на Google е дека : ‘’намерите на Google не се за да ги насочат луѓето кон информативни резултати туку да им приложат резултати кои би биле посоодветни за нив како корисници’’, ова е дел од алгоритмот на Google заоснован на пребаруваната историја, тој минатата година започна да го зголемува рангот на веб страните кои лесно се користат на мобилна верзија а истото го прави од 2014 и за сајтовите со енкрипција.
Овие мали прозорчиња влегуваат во делот од ‘’иритабилно’’ корисничко искуство но затоа пак Google ги користи за да го подобри својот алгоритам за пребарување на мобилни уреди.
Google како и Facebook користењето на платените реклами го користи во своја полза за да рангира подобри односно подобро платени реклами што доведува до поставување на прашањето:
Што кога корисничкото искуство станува експлоатација на корисниците?
Рекламите кои се од интерес на корисниците и ги интригираат секогаш се добредојдени без разлика колку инвазивно се користат за да бидат материјализирани.
Причините за посета и напуштање на страницата можат да бидат анализирани и следени со новите алатки. Ефикасноста на рекламирањето не треба да стои зад корисничкото искуство туку индивидуалното и колективното искуство.
Креаторите на Amazon на пример избегнуваат дигитално иритабилни клиенти.
Цели KPI табли се креираат зад однесувањето на корисниците. Тестирањето објаснува како најдобрите клиенти и типичните/просечните клиенти одговараат на интрузивните понуди.
Со оптимизација на целокупната врска со корисниците не на индивидуалните трансакции се креира една генерална слика.
Предизвикот на лидерите за фокусирање на клиентите ќе станува се по силно во и надвор од компаниите. Дали новите пракси ќе се фокусираат на оптимизацијата на корисничкото искуство за добивање на нови вредности или пак динамичниот опортунизам ќе доведе до експлоатација на корисниците.
Начинот на кој организацијата ги дефинира и управува со податоците може да ги даде потребните одговори на овие прашања.
Извор: Harvard Business Review