Министерството за здрвство на Авганистан, McCann Health и McCann Worldgroup Partner оваа година освоија Гран При во категоријата Good на фестивалот Cannes Lions. Нивниот проект, „The Immunity Charm“, исто така освоија најмногу награди од било кога на Lions Health, однесувајќи четири златни, четири сребрени и еден бронзен лав.
Но, што всушност ја прави оваа алка од перли така посебна?
Се` се сведува на праксата на имунизација. Додека во западните земји кои имаат воспоставен систем на имунизација се водат препирки за сигурноста на вакцините, Авганистан има една од најниските стапки на евиденција за вакцинација и најголема стапка на смртност на бебиња во светот – дури 115 деца на 1000 живородени.
Авганистан е во постојана воена состојба повеќе од една деценија, а сиромашните и руралните заедници се помеѓу најтешко погодените. Со оглед на тоа дека повеќето вакцини мора да бидат закажани во текот на првите неколку години од животот на детето, водењето на евиденција е од клучно значење… но често документацијата се губи или мајките едноставно престануваат да доаѓаат во болниците.
Тука настапува Immunity Charm алката. Па така, наместо да се обидуваат да ги убедат мајките да ја чуваат хартиената документација од болницата (која е тешко разбирлива и лесно може да се изгуби), оваа алка се потпира на постоечката традиција на талисманската алка, која има за цел да ги задржи злите духови подалеку од децата.
Immunity Charm служи за истата цел, а на докторите веќе на прв поглед има дава значајни информации за вакцинацијата на детето. Здравствените работници ја дистрибуираат оваа ефтина алка – буквален симбол за заштита од болести – на мајките кога ќе пристигнат со своите новороденчиња. Откако децата ќе се вакцинираат против мали сипаници, детска парализа, дифтерија и други болести, на алката се појавуваат повеќе перли, а секоја боја претставува друга вакцина.
Оваа алка сега се воведува и во другите региони, не само во Авганистан, со цел да се тестира ефектот. Ветувачката иднина на оваа алка е уште еден доказ дека науката и медицината можат да работат во рамките на параметрите на локалната култура, со цел да се подобрат условите за живот.
Покрај тоа, овај проект ја подигнува имунизацијата на ниво на традиција, создавајќи storytelling кој низ генерациите може да биде далеку поефикасен од внесувањето на докторските термини во календарот.