Борбата за кадри секогаш била една од најголемите грижи за агенциите, и едно ново истражување од 4A’s, во партнерство со LinkedIn, ги расветлува некои од најчестите причини зошто луѓето од агенциите преминуваат во други компании или ја напуштаат индустријата целосно.
Откритијата на истражувањето, според зборовите на претседателот на 4A’с Ненси Хил, не се изненадувачки, но секако дека обесхрабруваат.
Обртот во адвертајзинг индустријата е повисок отколку во другите поврзани индустрии. Тој расте со многу позабрзано темпо во спредба со конкурентните индустрии, така што нивната меѓусебна разлика се зголемила за 10% во изминатата година.
За индустрија која е изградена врз маркетинг и продажба на производи, и која се потпира на луѓето, адвертајзинг индустријата има голем проблем со својот имиџ. Главно, таа не ги оправдува очекувањата на луѓето.
“Ова се работи кои ги слушаме од нашите членови веќе неколку години, но сега и статистиката покажува дека имаме проблем со нашиот имиџ,” изјави Хил. “Не знам што правиме ние како индустрија за да се бориме против тоа, но се работи за очигледен проблем, како што покажува и истражувањето со LinkedIn.”
Додека компензациските пакети и бенефити за вработените се еден од проблемите – тоа не е главната причина зошто луѓето го напуштаат бизнисот.
54 проценти од луѓето кои го напуштиле адвертајзингот одговорија дека една од главните причини зошто ја замениле индустријата е дека почувстувале дека постои мала можност за напредок, споредено со 45 проценти на глобалниот просек.
Податоците, извлечени од LinkedIn, напоредно со две анкети, од кои едната собра одговори од преку 300 000 професионалци низ светот, ги рангираат работните места во агенциите на дното од повеќе категории, вклучувајќи и долгорочна стратешка визија, балансот помеѓу работата и животот и сигурноста на работата. Агенциите беа споредувани со осум конкурентски индустрии, вклучувајќи ги технологија, малопродажба и брзопродажни производи.
Педесет проценти од луѓето одговориле дека сакаат попредвикувачки задачи од агенциите, споредено со 35% на светскиот просек, а 46% се незадоволни од водството на агенцијата.
Што се однесува до компензацијата, 45% од испитаниците рекле дека сакаат повеќе награди или признанија и се незадоволни од компензацијата и бенефитите.
Според тимот на LinkedIn кој стои позади истражувањето, едно од решенијата на овој проблем може да биде знаењето како да се брендира агенцискиот живот на еден подопадлив и искрен начин.
“Вие никогаш нема да можете да го победите Google во борбата за кадри кога се во прашање парите,” изјави Јан Шварц, глобален директор за агенциски холдинг компании во LinkedIn. “Она што можете да направите е да пренесете приказна која е попривлечна или прилагодена кон индивидуата, за тоа што може да постигне, како вид на можности за развој и раст на личноста ги има во индустријата.”
Хил вели дека и покрај тоа што 4A’s може да помогне со создавање на програми за агенциите да ги имплементираат и да ги задржат кадрите и да им овозможат увид на оние кои бараат работа каква е навистина индустријата, улогата на агенциите е исто така многу голема.
“Задача на агенциите е да им помагаат на луѓето кои се вклучуваат во индустријата за тие да создадат пријатни искуства, а не само да даваат тешка и досадна работа,” заклучи Хил.
Извор: Adweek