Познатата музичка нумера од анимираниот филм на Дизни “Frozen“, хитот „Let it go“ не ја губи популарноста. Овој пат ја изведува ѕвездата на Game of Thrones, Мејси Вилијамс (Арја Старк) додека вози електричен автомобил Ауди во новата реклама за Супер Боул.
Мејси го обиколува градот во електричниот модел на Ауди – SportBack низ сообраќајниот метеж, гаражи и бензински пумпи кои се затвораат. Ауди се надева дека со рекламата ќе ги охрабри гледачите кон одржливост.
Според соопштението за печатот, Ауди планира да ја намали глобалната емисија на СО2 од возилата за 30% и да ги направи фабриките CO2 неутрални до 2025 година.
Во продолжение погледнете го видеото: