Скопје Сити Мол подготвува нов, интересен настан, овојпат посветен на сите ученици од основните и средни училишта „Sвони за распуст“, со многу забавни содржини и подароци, за одличен почеток на летото.
Со нетрпение очекуваниот крај на школската година и последното ѕвонче ќе биде означен и почетокот на дводневниот настан кој ќе се оддржи на 10ти јуни.
Главната улога ја имаат сите ученици од основните и средни училишта за кои Скопје Сити Мол подготви кул предизвици со можност за супер подароци: Што ќе се случува на „Sвони за распуст“ настанот?
- „Покажи се! – брз квиз на знаење, дуели помеѓу ученици од основни и средни училишта, со можност за победниците да освојат еден од 30те вредносни ваучери!
- „Летото те повикува…“ – интересна фотобут рамка за одлични летни селфиња.
- Летна олимпијада 2025 – интересна мини-спортска активност во која учениците се натпреваруваат во забавни предизвици и имаат можност да освојат Скопје Сити Мол Златен медал за своите вештини.
Броиме денови до еден од најсреќните моменти за сите ученици, уште само малку до крајот на школската година и супер-забавниот настан „Sвони за распуст“. Пренесете им на вашите школски другари и се гледаме на 10ти јуни во Скопје Сити Мол!