Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на својата 10-та седница одржана на ден 12.03.2015 година го усвои Предлогот на Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, бр.01-1806/1 од 10.03.2015 година и едногласно донесе нов Правилник за спонзорство.
Со влегувањето во сила на горенаведениот Правилник, престанува да важи Правилникот за начинот на идентификација на спонзорите во радио и во ТВ – програмите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/07).
Со овој Правилник се пропишува начинот на примена на одредбите за спонзорство од страна на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (радиодифузери и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање).
Со правилникот се пропишуваат неколку општи одредби во врска со Уредувачката независност и интегритет на програмите, Ограничувањето на спонзорството во одредени програми, Забраните за спонзорство, Спонзорството и рекламирањето и Спонзорство и пласирањето производи. Новиот правилник ги одредува и правилата за идентификација на спонзорството.
Правилникот можете да го преземете од ОВОЈ ЛИНК.