Mоделот на кабелска ТВ може да се појави на Интернет, доколку информациите од минатата недела околу еден можен модел за лиценцирање на Snapchat се вистинити.
Според нив, издавачите ќе примаат надомест за лиценцирање за нивната содржина на Snapchat Discover , наместо да прават продажба на реклами семите и притоа ќе добиваат и дел од приходите. Со прифаќањето на овој модел, Snapchat ќе ги консолидира сите реклами за продажба и ќе ја подобри самата позиција против Google и Facebook.
Креирањето на тим за продажба во Snapchat ќе помогне да се избегнат конфликтите кои што се појавуваат кога две продажни сили го продаваат речиси истото. Издавачите продаваат реклами кои се појавуваат на нивните Discover канали исклучиво, додека Snapchat се справува со останатото. Рекламите во рамките на овие канали, може да претставуваат и потенцијален извор на недоразбирање.
“Моделот на споделување на реклами никогаш не бил многу сигурен“, изјави Martin Nisenholtz, консултант и универзитетски професор на универзитетот Columbia, кој воедно ги започна дигиталните операции во Њујорк тајмс “. “Моделот на лиценцирање на Snapchat обезбедува непрекинат прилив на ‘’високо-квалитетни’’ содржини, каде што не само што се добие утврдување на видот на добиените содржини, туку и како рекламите работи всушност и искуството од нив.”
Во меѓувреме, со надомест за лиценцирање од Snapchat, издавачите ќе може да се фокусираат на создавање на содржини. Подобра содржина ќе помогне да се привлече и постарата публика на Snapchat, со цел тој да расте, особено поради тоа што тој цели кон евентуална IPO.
“Snapchat потребно е да се здобие со поголемо следење и публицитет надвор од својата основна млада целна публика. Тој, исто така има потреба од големи количини на содржина од големите мрежи со цел да се трансформира во кабелска мрежа на следната генерација се случи “, изјави Scott Linzer, потпретседател на сопственост на медиумите во iCrossing. Овој модел може да биде профитабилен за издавачи, претпоставувајќи дека Snapchat плаќа добро – а што и првично би можело да се направи.
Додека се движи кон модел за лиценцирање, краткорочните приходи на Snapchat би биле во ризик од намалена профитабилност во текот на следните четири до пет години, но затоа пак тоа може да ја подобри долгорочната перспектива, под претпоставка дека Snapchat ќе работи на начинот на кабелските филијали. Овие зделки вообичаено имаат годишни исплата кои се зголемуваат и се вградени во договорот, кој често е во корист на платформата се додека расте побрзо од надоместокот за лиценцирање.
Идејата на дигитално рекламирање со надомест за лиценцирање може да се чувствува како револуционерен пристап кон рекламирањето, но Nisenholtz се сеќава како во раните денови на интернет, AOL плаќал милиони за содржини од издавачи како Њујорк тајмс, на кои само претплатници AOL имале пристап. Ова завршило кога оние издавачите започнале и самите да поставуват свои веб-сајтови.
Од таа причина, Nisenholtz очекува договорот за лиценцирање да се фокусира на ексклузивноста на содржините. “Не е доволно јасно како Snapchat ќе плаќа за содржини кога би можел истите да ги добие бесплатно на ило кое друго место. Ние веќе поминавме низ тоа со AOL, и тоа не функционира “, рече тој.
Други платформи почнуваат да плаќаат за пристап до содржината, исто така. Facebook им плаќа на издавачи за да се произведуваат Facebook Live видеа. И Twitter им плати на NFL за да емитува натпревари во живо. Сите онлајн медиуми кои се фокусираат на видео содржини сепак се потпираат на лиценцирани содржини, до одреден степен, дури и YouTube.
Содржината е клучен стратешки дел од идниот успех на Snapchat, изјави Stevie Dove директор во SapientNitro. ‘’Апликацијата треба да се фокусира на “скала,’’ односно на мерливоста на содржината и резултатитите постигнати на истата”, со цел да се успее и да стане платформа која наликува на кабелска мрежа.
“Тие работат одлична работа досега, но секој знае дека тие имаат долг и тежок пат пред пред себе за да преживеат “, додаде Dove. “Само погледнете го Твитер“.