Автор: Наташа Божиновска Миркова, директор на Represent Communications Скопје
Дигиталниот ПР е една од оние ново-испреплетени изрази за кои сите зборуваат. Но, исто како темата “influencer marketing”, многу од нас не се премногу сигурни што всушност значи или како да се постигне успех користејќи го. Со дигиталниот ПР, сите ние можеме да промовираме бренд или компанија како целина. Меѓутоа основниот принцип зад дигиталниот ПР е да промени перспективата на содржината која се креира, да се создава приказна во врска со брендот, сè со цел да се зголеми свеста за истиот. Во најголем дел, неопходно е да се изградат односи и репутација пред да може истиот да претставува и ефективен маркетинг.
Зошто дигиталниот ПР треба, а во поново време и ќе мора да е составен дел од секоја дигитална стратегија? Затоа што се третиrа за составен дел од секоја онлајн маркетинг стратегија што ја користат компаниите за да го зголемат своето онлајн присуство. Дигиталните агенции за односи со јавност се здружуваат со новинари, блогери и инфлуенсери каде испраќаат текстови и написи до медиумите за да добијат висококвалитетни повратни линкови, да бидат споменати во постовите по социјалните медиуми и да ја подобрат својата оптимизација. Всушност, дигиталниот ПР вклучува стекнување висококвалитетни линкови од веб-страници (back linking), онлајн публикации и искрени критики на купувачи. Дигиталниот ПР може да помогне да се освојат целните клиенти преку прикажување на бизнисот на веб-страниците што ги читаат, подкасти што ги слушаат и на профилите на социјалните медиуми што ги посетуваат. На крајот на краиштата, дигиталниот ПР позитивно влијае на видливоста и рангирањето на пребарувачот на веб страната.
Кога сево ова ќе се сумира, доаѓаме до заклучок дека суштината на дигиталниот ПР е начинот на кој се претставуваат самите содржини (content marketing) на веб страниците, социјалните медиуми, порталите и платформите, базирани на основните насоки за добра оптимизација (search engine optimization) или:
- Да се произведува содржина која ќе ги содржи сите клучни зборови и останати параметри за добра оптимизација кои се релевантни за пребарувачите.
- Во самата содржина, од исклучителна важност е да се вклучуваат и повратни линкови (back linking).
- Соопштенија за јавност да се пријавуваат по вебсајтови кои нудат бесплатна објава, за што поголем број на повратни линкови и поголемо вмрежување на информацијата.
- Објава на кредибилни reviews како дел од борбата против лажните вести и информации кои директно помагаат при изборот на производот/услугата. Скорешното истражување наHubSpot Research покажа дека 1/3 од испитаниците ја носат својата одлука врз база на искуството на другите и веруваат на релевантни препораки од публиката.
- Можност за БЛОГ кој ќе биде редовно ажуриран и споделуван, а целиот интернет сообраќај ќе го преусмерува кон основната веб страница која со тек на време треба да стане основен медиум за комуникација на клиентот.
- Вмрежување со новинари и уредници за да се добијат линкови.
- Комуникација со блогери за да се добијат линкови и споменувања од нивна страна на релевантни блогови како луѓе кои имаат голем број на следбеници.
- Инфлуенсер маркетинг за повеќе постови/споменувања.
- Програми кои соработуваат со блогери и ги упатуваат клиентите индиректно кон медиумот.
- Споделување на инфографици за поедноставен приказ.
Ако знаеме дека само 8% од луѓето кликнуваат на спонзориран пост или банер, а заинтересираните купувачи се наоѓаат во морето од останатите 92% (Marketing Insider Group )кои никогаш не кликнуваат на рекламата односно немаат engagement со истата, тогаш можеме да заклучиме дека содржината која ја пласираме е многу поважна во врска со нашата визибилност и продажба.
Креативноста за тоа како да се стигне до главната целна публика е секогаш добредојдена, особено во овој свет на напредна технологија.