Како да се изберат најдобрите риби?
Водени од прашањето како потрошувачите можат да ги препознаат најквалитетните и најдобрите риби, креативците на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, во соработка со Иван Шариќ, дојдоа до навистина интересна идеја.
Одлучија да ги “прашаат” оние кои ги познаваат рибите, а кој го знае тоа подобро од жителите на морето. Од ова се роди и новата кампања “Кој ги знае рибите, избира Кромарис” која носи исечоци од животот на морските животни. Погледнете го резултатот и забавувајте се.